Тајни снимки и фустанот на Левински за малку ќе го срушеа Клинтон, приказна за најголемата афера во американската политичка историја

Целата јавност во Америка, па и пошироко на големо го следеа ријалити поглавјето од Белата Куќа, кое се одвиваше во 1998 година, односно негирањето на претседателот Бил Клинтон дека имал афера со Моника Левински.

Многумина се ситеа на сопругата на Бил, Хилари, како и младата стажистка која претрпе огромно понижување и приказната за нејзиниот познат син фустан, кој со ДНК примерок на него, ја разоткри целата приказна.

Кога во текот на сведочењето Моника беше прашана дали дамката на фустанот е семена течност, таа одговорила дека го носела на вечера и дека не е сигурна од каде е настаната дамката.

Таа иста дамка за малку ќе го чинеше Бил Клинтон, претседателското место во Белата куќа, откако потоа беше утврдено дека истата не е остаток од храна, туку доказ за сексуалната врска која тогашниот претседател ја имал со младата стажистка.

Моника легендарниот фустан го носела на 28 февруари 1997 година, кога се сретнала со Клинтон во Овалниот кабинет, кога се случил првиот од деветте нивни интимни односи, кои на крајот ги признале и двајцата.

„Бил ми подари книга со наслов „Нитки трева“. Таква книга не се дава на било кој. Споменатиот подарок ме увери дека меѓу нас има нешто, иако до тој момент се двоумев. Си помислив дека можеби сето тоа сама го измислувам. Тргнавме кон купатилото, а тој ми даваше комплименти, а јас му возвраќав и станавме сè поинтимни. Во еден момент го прашав дали сака да продолжи, на што ми одговори потврдно. Иако во сите наши претходни средби се откажуваше кога ќе стигневме до критичната точка“, изјавила Монила Левински, опишувајќи го сексот со Клинтон во купатилото на Овалната соба кој се случил пред речиси две децении.

Како што изјавила Моника, синиот фустан со дамката од сперма, тој истиот ден го носела на една вечера, но трагите од односот ги приметила неколку дена подоцна, кога фустанот го покажала пред нејзина пријателка. Моника ѝ се доверила на нејзината пријателка Линда Трип, која ја наговорила да не го носи на хемиско чистење.

Линда, која во тој момент работела како државна службеничка, е жената која ја разоткри најголемата афера во историјата на Белата куќа. Таа почина минатата недела на 70 години од рак на панкреасот.

Тие години на крајот на деведесеттите години се појавија приказни за жените кои биле жртви на Бил Клинтон. Првата која го обвинила за сексуално вознемирување била Пол Џонс, а тогаш клопчето почнало да се одмотува.

Новинарот на „Њузвик“ Мајкл Исикоф, се обидел да контактира со повеќе жени од Белата куќа, кога се појавило името на Линда Трип, која тогаш работела во Пентагон. Таа веднаш му кажала дека „лае на погрешно дрво“ и му открила дека зад ѕидовите на Овалната соба се одвивала најголемата афера.

Како доказ му ја понудила исповедта на Левински, која ѝ се доверила како пријателка. Левински за својот однос со Клинтон ѝ кажала сè на Линда, со која работела во канцеларијата за односи со јавност во Пентагон. Трип, која била наговорена од страна на еден литературен агент Лусијен Голдберг, ја убедила Моника детално да им ја опише нивната врска, а таа во тајност ги снимала сите тие разговори.

Потоа го повикала Исикоф и му открила дека во плакарот на Моника се наоѓа син фустан со флека, кој би можел да го разоткрие целиот случај. По кратко време, приказната одекна на сите насловни страни на весниците. Синиот фустан на Моника заврши кај обвинителот Кенет Стар, кој ја предводел истрагата за администрацијата на Клинтон.

Клинтон по ДНК анализата бил приморан да признае сè. Да признае дека го лажел обвинителството за аферата која го забрзала процесот на отповикување од претседателското место.

Како што е познато, американскиот Конгрес гласаше за отповикување на Клинтон, но немаше доволно гласови против него, па Клинтон го заврши до крајот својот претседателски мандат, се до 2000 година.

Линда во текот на целиот овој процес имала статус на информатор, а сè, како што тврдела, тоа го правела од чист патриотизам. Сепак, големиот дел од јавноста ја осудил поради предавството кое ѝ го направила на нејзината пријателка Моника Левински.

И самата Левински не можела да премине преку нејзиното предавство, па во еден момент изјавила дека ја мрази. Сепак, кога дознала дека е болна ѝ посакала брзо опоравување.

„Без разлика на минатото, дознав дека Линда Трип е сериозно болна и се надевам на нејзино брзо опоравување. Не можам да мислам колку им е тешко на нејзините во семејството“, напишала Левинск на „Твитер“.

Scroll to Top