Техеран, државата која конечно се ослободи од доларот

By

Техеран најави дека куповните нарачки засновани во американска валута повеќе нема да бидат дозволени низ увозна постапка.

dobivaj vesti na viber

Според локалните ирански медиуми, овие правила се во согласност со службеното барање на Централната банка на Иран и особено се наменети кон флуктуацијата на пазарната стапка на американскиот долар.

Директорот на Централната банка на Иран за девизни работи и политика, Мехди Касреипор, наведува во изјава за новинската агенција IRNA дека тој чекор стапил на сила од средата, на основа на уредбата упатена од страна на Министерството за индустрија, рударство и трговија.

Тој објаснил дека тоа нема да создаде големи проблеми за трговците затоа што уделот на доларот во трговските активности на Иран не е висок.

Веќе долго време банкарскиот сектор на Иран не може да го користи доларот како резултат на санкциите, изјавил Касреипоур.

Како дел од трговското ембарго, на американските банки им е забрането да дејствуваат во  Иран.

Со оглед на тоа дека употребата на доларот е забранет во Иран, а трговците буквално користат алтернативни валути во своите трансакции, повеќе нема причина за продолжување на издавање фактури, кои го користат доларот како основна валута, додаде Касреипор.

Според државниот претставник, иранските трговци би требало да ги известат своите добавувачи да ја променат основаната валута од долар во друга валута, така што увозните документи можат да се обработуваат на влезните пунктови на Иран.

Трговците исто така мораат да прецизираат дали ќе продолжат со плаќањето преку банките или менувачниците.

 

 

Ќе ви се допадне