(Видео) Мистериозниот монолит што се појави во Турција бил трик на Реџеп Таип Ердоган

Металниот монолит што мистериозно се појави и исчезна од едно поле на југоистокот во Турција бил трик за јавноста испланиран од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој вчера ја најави вселенската програма на земјата.

Металната плоча висока три метри, на која се наоѓа древно турско писмо, ја нашол фармер во петокот во провинцијата Санлиуфри.

Монолитот е откриен недалеку од локацијата Гобекли Тепе, на која се наоѓаат мегалитски структури кои датираат од 10 век пред новата ера, повеќе од илјада години пред Стоунхенџ и кои се наоѓаат на листата на светски градини под заштита на УНЕСКО.

Необичната структура на која стоел натпис на древен турски јазик „Погледни во небото, ќе ја видиш месечината“ мистериозно исчезна следното утро, пренесува „Асошиетед прес“.

Сликата од монолитот подоцна била проектирана на екран, додека Ердоган на телевизија ја претставувал новата турска вселенска програма.

„Ви ја претставувам десетгодишната визија, стратегија и цел на Турција и ви велам: ‘Погледнете кон небото, ќе ја видите месечината’“, изјавил Ердоган.

Претходно државната агенција „Анадолија“ го цитирала сопственикот на нивата, кој изјавил дека бил збунет од прво појавата на мистериозниот објект, а потоа и неговото исчезнување.

Агенцијата исто така го цитира локалниот жител Хасан Илдиз, дека блокот сè уште се наоѓал на теренот во понеделникот вечерта и дека истиот исчезнал пред утрото.

(Видео) Мистериозен монолит се појави во Турција

Scroll to Top