(Видео) НАСА соборила НЛО на Месечината

Ловците на вонземјани од организацијата Паранормал Крушибл приметиле бизарен објект во архивираните слики објавени од страна на американската вселенска агенција.

Момент пред историското слувањето на Месечината на Аполо 11 во 1969 година, од страна на Нил Армстронг, на сликите се гледа како една ракета е испалена од кратерот.

Во вселената нема кислород, што значи дека е невозможно бизарниот објект да биде конвенционална ракета, која за да експлодира потребен е гас.

Сепак, НЛО ентузијастите, веруваат дека објектот може да биде вонземјански вселенски брод или дури поверојатно, да е смртоносен проектил испален од вселенскиот брод на НАСА.

На Јутјуб снимката е покажана слика од Паранормал Крушибл на која пишува: „Бизарната слика од архивите на Аполо, која се чини покажува ракета како срушува НЛО.

НАСА бомбардирала вонземјанска инсталација на површината на Месечината, веројатно користејќи високо технолошки бродови од тајната вселенска програма.

„Многу чуден објект. Мислам дека не станува збор за вонземјански брод, веројатно е нешто што ние сме го лансирале, но не знаеме на кого и зошто“.

Коментирајќи го видеото, уште еден ловец на вонземјани укажал на платформата во облик на буквата В, од која НЛО можело да влезе во подземна база.

Тој пишува: Ако го следите патувањето на ракетата до средината на сликата, ќе приметите нешто што изгледа како платформа во облик на буквата V, и влез во Месечината.

Сликите се појавиле кога Виликс открил дека Хилари Клинтон имала тајни состаноци со поранешните астронаути на НАСА за да разговара со нив на тема војна во вселената.

Мејловите откриле дека Хилари Клинтон редовно се состанувала со Едгар Мичел, за да ја разгледа можноста за „вселенска војна“.

Мичел, шестиот човек кој одел по Месечината, и член на Аполо 14 мисијата, јавно се залагал за целосно објавување на вонземјанската интелегенција.

Во меѓувреме, авторот на книгата за НЛО, Вилијам Томпкинс, тврди дека флотата во стилот на Војна на ѕвездите која припаѓа на американската вселенска воена морнарица, тајно ја штити човечката раса од вонземјански напади веќе со децении.

Scroll to Top