(Видео) Њујорчани се исплашија од инвазија на НЛО

Паника и страв кај њујорчани предизвика силната експлозија што се случила синоќа и предизвикала блескава светлина на небото над градот.

Необичната светлина што можела да се види од секое ќоше во градот предизвикала толкав страв кај граѓаните што по социјалните мрежи се појавија голем број видеа и коментари за некаква инвазија на НЛО и напад од вонземјани.

Некои од граѓаните дури пријавиле кај градските власти дека слушнале необични звуци и зуења. Властите во Њујорк велат дека ја истражиле ситуацијата и утврдиле дека станува збор за силна експлозија на трафостаницата во една енергетска компанија во местото Кивнс.

„Откако ја забележавме светлината веднаш испративме полициски едници во Квинс да го испитаат случајот. На крај утврдиме дека станува збор за експлозија на трансфроматор“, изјавил градоначалникот Бил де Блазио, во обидите да ја смири јавноста.

„Нема пријави за повредени лица. Се чини дека светлината што можеше да се види од целиот град настанала од експлозија на трансформаторот. Огнот е под контрола“, изјавиле од противпожарната служба во Њујорк.

Прекинот на струја направи хаос на аеродромот „Ла Гардија“. И покрај едноставното објаснување за чудната сина светлина, многумина помислиле дека станува збор за инвазија на вонземјани врз градот Њујорк.

Други, пак, напишале во коментарите на социјалните мрежи дека најмодерната американска технологија и модерна инфраструктура не можеле да откажат без мешање на руските хакери.

Scroll to Top