(Видео) Откриени подземни бази со тајни премини, се верува дека САД тука кријат НЛО

Американскиот експерт за НЛО, Скот Варинг, тврди дека открил влезови на пет подземни бази во Јужна Каролина.

Ловецот на вонземјани вели дека верува оти наводните бази имаат тајни премини што водат во морето. Тој вели дека преку „Гугл ерт“ ги открил вонземјанските влезови, кои биле сокриени на остров во Јужна Каролина.

Во прашање се пет вдлабнатини со овален облик, кои се чини дека совршено сe вклопуваат на сателитската снимка. Овие впечатливи формации го убедиле Варинг дека во нив се кријат вонземјански бази, а тој тврди дека имаат и други премини што водат во морето.

„Петте острови на мапата се под совршен агол од 45 степени. Постои централен премин, кој е најголем, а потоа кон краевите се гледаат помалите. Тие се наместени паралелно еден со друг. Сето тоа би требало да е статистички невозможно, но сепак, ете го“, навел тој.

Иако формациите со кружен облик се впечатливи, научното објаснување е дека тие се мочуришни подрачја, познати како Заливите на Каролина. Тоа се елиптични владбнатини и во голема мера се исполнети со дождовница и плитки подземни води.

Тие се наоѓаат во Каролина и Џорџија, но може да се видат и на голем број места по должината на бреговите на американскиот Атлантски Океан.

Интересно е дека геолозите не се сосема сигурни на кој начин се формирани овие необични водни формации, а некои дури наведуваат дека тие се можеби последица на удар на комета во далечното минато. Но, повеќето експерти сметаат дека тоа се остатоци од древни ерозивни процеси, кои повеќе не се случуваат.

Scroll to Top