(Видео) Путин одговори за замокот од милијарда евра, „Сакаат да им го измијат мозокот на Русите“

Рускиот претседател Владимир Путин ги демантираше шпекулациите дека поседува палата во Геленџик на Црното Море. Тој вели дека палатата не е негова, ниту на некој од неговото семејство.

Путин преку онлајн состанок со судентите изјавил дека не го погледнал видеото кое минатиот викенд го објавил тимот на опозиционери на Алексеј Навални, пред сè поради немање време.

Тој смета дека шпекулациите  за палатата се користени за обид да им се измие мозокот на Русите.

„Не го погледнав целиот филм, туку само делови кои ми ги подготвија моите соработници. Ништо од снименото на филмот никогаш не ми припаѓало на мене, ниту на  кој било од моите блиски родини. Никогаш“, изјавил Путин.

Тој вели дека ваквите големи и скапи имоти имаа одредена документација и податоци за финансиски трансакции и дека не може да не остане трага во финансиските книги.

Во видеоснимката објавена на јутјуб-каналот на Алексеј Навални на 19 јануари е покажан имотот и вилата на претседателот Путин, низ комплицирана и корпуциска шема.

Навални тврди дека Путин во својата резиденција има хокеарски терен, кино, стриптиз-бар, казино, подземна црква и  луксузни објекти. Наводно ваквата палата чини милијарда евра и се простира на 7.000 хектари површина.

Scroll to Top