(Видео) Сталин бил двапати погребан, вториот пат операцијата била тајна и му биле одземени сите ордени

By

Вториот погреб на советскиот лидер Јосиф Висаринович – Сталин бил на 9 март 1953 година, четири дена по неговата смрт. Балсамираното тело на таткото на нацијата било изложено во мавзолејот на Ленин, кој набргу потоа бил преименуван во „Мавзолеј V.I. Ленин и Ј.В. Сталин“.

Советскиот лидер бил изложен во костум во 1961 година и граѓаните можеле да се простат од него. Тогаш било одлучено дека на него повеќе не му е местото во мавзолејот, па следувала голема тајна операција на преместување на неговото тело.

Смртта на Сталин

Сталин како страстен пушач боледувал од артериосклероза и здравјето му било сериозно влошено на крајот на Втората светска војна. Во мај 1945 година тој имал помал, а во октомври сериозен срцев удар.

Неговите последни три дена детаљно се опишани, прво во советските весници, како што е „Правда“, а потоа биле преведени и на англиски јазик. Како што е наведено, на 28 февруари 1953 година Сталин се повлекол од својата одаја со наредба никој да не го вознемирува.

Часовите минувале и никакви звуци не покажувале дека тој е буден. Околу 11 часот претпладне собарката одлучила внимателно да влезе во собата, каде што го пронашла на подот. Го носел долниот дел од пижамата, а на себе имал маица. Бил без свест и тешко дишел.

Наредниот ден во 7 часот утрото, шефот на полицијата, Лаврентиј Бериј, и група доктори биле повикани да го прегледаат. Тие заклучиле дека Сталин доживеал мозочен удар, а наредните два дена примал неколку терапии, вклучувајќи и пијавици, кои му биле ставени на вратот и лицето.

На тој начин му бил намален крвниот притисок. Но, Сталин починал на 5 март 1953 година во 21.50 часот. Неговото тело било однесено на непозната локација заради аутопсија и балсамирање. На 9 март телото му било префрлено на Црвениот плоштад во мавзолејот.

Таму стоело сè до 1961 година.

Преместување на телото

Што го навело Никита Хрушчов, првиот секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз (КПСС) и премиер на СССР, баш тогаш да почне со преместување на неговото тело на друга локација засега не е познато.

Се чинело логично дека поместувањето од мавзолејот ќе биде по 20. конгрес кога Хрушчов најавил заминување на култната личност на Сталин, но сето тоа до 1956 година не се случило. Не затоа што не сакале, туку затоа што неговата личност била обожавана меѓу народот.

Така се појавил и слоганот – „Кон комунизам – без Сталин“

Сепак, на 22. конгрес било иницирано прашањето на преместувањето под изговор дека тоа го сака пониската класа, особено работниците на две фабрики во Москва.

Барањето на пониските класи му било пренесено на првиот секретар на регионалниот партиски комитет во Ленинград, Иван Спиридонов, по што другите на повеќе инстанции се согласиле.

Дури се јавила и извесната Дора Лацуткина, член на партијата од 1902 година, која 18 години поминала во егзил во работни логори под Сталин поради што ѝ било нарушено и нејзиното психичко здравје.

Како што навела, Ленин ја посетил и побарал телото на неговиот наследник да се тргне од мавзолејот. Се разбира, главниот инцијатор на преместување на телото бил самиот Хрушчов, пренесува Life.ru, кој уште пред да биде иницирано прашањето во Конгресот собрал некои важни луѓе, како што се директорот на 9. департман на КГБ, генералот Николај Захаров.

Тој побарал итно преместување на советскиот лидер и негов нов погреб. Била подготвена специјална комисија, што ја претставувал Николај Шверник, кој во времето на Сталин претседавал со Врховниот Советски Сојуз, највисокиот законодавен орган во СССР.

Веднаш се појавиле несогласувања внатре во комисијата, а поединци дури и одбиле да учествуваат во тоа. Интересно, поместувањето на телото било закажано за денот кога на другиот крај на светот се славела Ноќта на вештерките.

Тогаш во Америка, според традицијата, се ослободувале злите духови. Се направил нов ковчег за Сталин, кој бил обложен со црн и црвен креп и изгледал побогат. Првин требало да се прекрие името мавзолеј, па се направил огромен бел банер на кој пишувало Ленин.

Биле уредени и други детали што се однесувале на гробот, како и надгробната плоча на која едноставно пишувало Сталин Јосиф Висаринович 1879-1953.

Било одлучено да биде погребан под покровителство на пробата за воена парада, која требало да се одржи на 7 ноември. Затоа што пробите траеле долго, туристите и минувачите не можеле многу да се загледуваат на Црвениот плоштад.

Биле избрани луѓе од највисока доверба во врвот на Кремљ да учествуваат во преместувањето на телото. Шест војници биле избрани да ископаат гроб во близина на ѕидот кај Кремљ, а осум војници требало да го носат ковчегот од мавзолејот до локацијата.

Никој не можел да види што се случува бидејќи другите учесници на вториот погреб носеле дрвени штици што служеле како екран за очите на љубопитните да не видат нешто што не треба да се види. Точно во 18 часот Црвениот плоштад бил затворен, а војниците почнале да копаат гроб.

Сакале работата да ја завршат до полноќ. Потоа преку тоа ставиле слој бетон, обложен со шперплочи. Истовремено, ковчегот со телото на Сталин бил однесен од мавзолејот до Кремљ, каде што советскиот лидер бил симболично соблечен. Тој повеќе не ја носел униформата, а му биле симнати и сите ордени и златни копчиња и биле заменети со обични.

Според одредени наводи, му биле симнати и златните летни на рамењата. Иако може да се разбере зошто му ги зеле ордените, не може да се сфати зошто им сметале копчињата. Тоа било чин на понижување, пренесува рускиот портал Life.ru.

По сите тие промени, телото било ставено во сандак, покриено со црна покривка, оставајќи ги само главата и градите откриени. Сандакот потоа бил затворен и закован. Војниците го однеле до гробното место и тука стоеле неколку минути, а најмалку двајца од нив заплакале.

Плачел и претседателот на комисијата, Шверник, кого наводно го понеле емоциите. Еден од припадниците на обезбедувањето морал и да го придржува за да не падне.

„Кога го изнесовме од мавзолејот, изнесовме дел од нашите срца. Нашата душа не беше добра, не затоа што жалевме за Сталин, туку затоа што многу романтични сонови беа срушени“, порача партискиот лидер Николај Јегоријев.

Кога сандакот бил положен на земјата, секој војник зел парче земја и го фрлил. Конечно, Сталин бил погребан, а само неколкумина знаеле што се случило во близина на ѕидот на Кремљ.

Сепак, не било сè готово. Бил потпишан протокол за премесувањето на останките на Сталин, а ковчегот бил вратен во мавзолејот. Утредента мавзолејот бил отворен како ништо да не се случило. Агенти на КГБ, облечени во цивили, слушале што зборуваат посетителите.

Тие слушнале дека многумина биле прилично изненадени. Главната забелешка им била зошто народот не бил консултиран за ова прашање.

На крајот, Хрушчов, по три години, бил сменет и испратен во пензија, а не му била укажана ниту чест да биде погребан во Кремљ. Дури во 1970 година била ставена биста на гробот на Сталин за да се подобрат односите со Кина, па може да се каже дека земјата не доживеала да го види комунизмот без Сталин.

 

 

Извор/24седум

 

Ќе ви се допадне

Genocyber (Dub) (https://animekisa.in/m/XxlY) Episode 5

Watch The Ideon: A Contact Episode Full

TwistMoe: Saki Picture Drama anime episode 7 online free at https://twistmoe.net gogoanime

Website https://aniwatch.pro: Watch Backkom: Jung-gug Gijeogwi aniwatch Episode Full aniwatch

Bitchute: https://www.bitchute.com/channel/gogoanimelol/

Rctech: https://www.rctech.net/forum/members/kissanimemx-253959.html