Елбрус е највисокиот врв во Русија и Европа (5.642 м), но е еден од поедноставните бидејќи се верува дека обичните луѓе без планинарско искуство, како канцелариски работници, пензионери и тинејџери, може да се искачат на оваа планина. Но, зошто тогаш некои од нив никогаш не се враќаат од таму?
Искачувањето на Елбрус (височина 5.642 метра), највисокиот врв во Европа, мами со својата техничка едноставност бидејќи, за го искачите, не мора да сте искусен алпинист. Ако не отстапувате од патеката, нема да мора да се качувате по карпите за кои ви е потребна дополнителна опрема. Само се искачувате нагорно и тоа е тоа. Луѓето најчесто ја избираат оваа планина за првото планинско искачување во животот.
Се искачуваат канцелариски работници, кои подоцна прават корпоративна забава од тоа, но и пензионери и тинејџери. Бизнисот што нуди услуга за комерцијално искачување на Елбрус е во полн ек. Но, оваа планина одзема просечно 15-20 животи годишно и тогаш искачувањето не звучи веќе толку лесно како што се зборува, пренесува „Раша бијонд“.
Има неколку правци до Елбрус: од север, од исток и од запад, а најлесно се стига преку селото Терско од јужната стана. Многу експедитивни групи одлучуваат да одат од таа страна.
„Се смета дека искачувањето на Елбрус е лесно првенствено затоа што има жичници“, вели алпинистот Александар Јаковенко.
Жичницата достигнува висина од 3.850 метри, што значи дека повеќе од половина пат го поминувате на удобно седиште. Ако некој сака, тогаш може да се искачи и до 4.800 метри со моторна санка.
Александар Сухарев, сопственик на компанијата „Искачување на Елбрус“, инсистира на тоа дека планината е лесна бидејќи нема комплексни технички елементи и нема зони каде што постои опасност од лавини.
„Во секој случај тие не се на патеките што ги користат туристите. Опасноста од лавини постои само во долините, каде што се акумулира снег, а сите лавини почнуваат во зима и во рана пролет. Но, тоа нема никаква врска со искачувањето. Елбрус припаѓа на категоријата 1Б по сложеност, што значи дека практично секој човек, ако е здрав, може да се искачи на врвот без посебни подготовки“, вели тој.
Сепак, бројот на жртви на Елбрус расте во последните неколку години. Професионалците сметаат дека тоа се случува бидејќи планината станува сѐ популарна, па отстуствуваат ограничувањата за искачување на планината. За разлика од времето на Советскиот Сојуз кога за да го искачите овој врв, било неопходно да ѝ покажете сертификат за класификација на службата за контрола и спасување, сега никој не го контролира протокот на луѓе, како ни нивното здравје и физичките способности.
Друг фактор е ненадејната промена на времето бидејќи може нагло да се промени буквално за половина час.
Меѓутоа, ниту висинската болест ниту лошото време не треба да бидат причина за нечија смрт, дури ни на Елбрус. Поради тоа, туристите треба да бидат осигурени од квалификувани водичи. Но, и таму има проблеми.
„За жал, сега секој може да се претстави како водич. Овде на Елбрус има вистински хаос во тој поглед. Воопшто не е регулирано, никој не го проверува“, вели Сухарев.
Тој додава дека има многу такви компании и приватни водичи на Кавказ. Многумина работат без туристичка дозвола и немаат квалификација за планинарски инструктор.
„Некој ќе се качи на Елбрус неколкупати во убаво време и ќе му се причини дека не е ништо комплицирано и дека веќе може да ги доведува луѓе до врвот. И така почнува да води групи“, објаснува Сухарев.
За потсетување, минатиот месец загинаа пет планинари во невреме на планинскиот врв Елбру.
(Видео) Пет планинари загинаа додека се искачуваа на Елбрус, највисокиот врв во Европа