(Видео) Пет планинари загинаа додека се искачуваа на Елбрус, највисокиот врв во Европа

Пет лица загинаа во невремето на планинскиот врв Елбрус, соопшти денес руската спасувачка служба.

„Успеавме да спасиме 14 луѓе, тие се евакуирани и згрижени. За жал, пет лица загинаа“, соопштија од руското Министерство за вонредни ситуации.

Во четвртокот, како што е соопштено, група од 19 планинари беа заглавени на надморска висина над 5.000 метри, поради наглото влошување на времето. Елбрус има 5.642 метри и е највисокиот врв во Кавказ и Европа.

Елбрус се смета и за еден од најсмртоносните светски врвови, дел од кавкаскиот масив, во чиј регион се наоѓаат Грузија, Ерменија и Азербејџан.

Scroll to Top