Братот на поранешниот либиски лидер Моамер ел Гадафи, поранешниот генерал на либиската војска, Ахмед Гадафи ел Дам, изјави дека Либија пет години по „демократската“ револуција, која е изведена со помош на обединетите сили на САД и НАТО, во целост е уништена.
Братот на либискиот лидер Моамер ел Гадафи, поранешниот генерал Ахмерд Гадафи ел Дам, говореше во ексклузивно интервју на телевизија РТ за судбината на земјата по убиството на лидерот и насилната смена на власта која е изведена со помош на НАТО.
Според зборовите на поранешниот генерал на либиската војска, по пукањата во Либија од стабилната и безбедна земја, таа се претвори во рушевини, а нејзиното население беше принудено да ги напушти своите домови.
„Либија, земја што претходно била авангарда на целиот континент и имаше авторитет во светот, стана вазална и уништена. Сега нејзината судбина ја одредуваат во други земји.
Ние дојдовме до сегашната ситуација низ болка, солзи, жртви, материјални и морални губитоци. Тоа што го гледаме денеска, по пет тешки години, е резултат на акцијата на земјите на НАТО, кои дојдоа да ја уништат нашата земја“, изјави Ахмед Гадафи ел Дам.
Либија не би се нашла во таква лоша ситуација доколку не упаднаа силите на сојузот, чија единствена цел беше убиството на Моамер Гадафи.
Притоа, челниците на сегашните власти сега не би постоеле. Либија се потпираше на власта на народот, на власта на народниот конгрес и комитетот, нагласи поранешниот воен официјален претставник. Немало ситуација која народната маса не можела да ја промени“, наведе роднината на Гадафи.
Ел Дам додаде дека Либија станала центар на бандитите, грабежите, светската мафија и наведе дека во земјата сега активни се бандитските групи и марионетите што Западот ги донесе да владеат со Либија.
„Терористите стигнаа во Либија пред очите на Западот, кој им ја осигури заштитата. Западот со помош на своите ракети и воени бродови ги штитеше бандитите што стигнаа во Либија во 2011 година“, ги пренесоа телевизиските медиуми зборовите на Ахмед Гадафи ел Дама.