Документарец открива дека Титаник потонал поради алчноста на сопствениците

Најголемата бродска несреќа од минатиот век, потонувањето на Титаник, веројано ќе било спречено доколку инвеститорите не биле алчни и не штеделе на неговата изградба, се вели во документарецот „Ароганција Титаник“.

Најголемиот брод Титаник можел да ја избегне страшната судбина, ако инвеститорите од компанијата „Вајт стар“ инвестирале во подобри мотори.

Британскиот патнички брод потонал на 15 април 1912 година со повеќе од 1.500 патници во него. Титаник бил на пат од Саутемптон до Њујорк, кога удрил во ледениот брег и потонал во Атланскиот Океан.

Веќе повеќе од 100 години многумина теоретичари на заговор се обидуваат да откријат дали за тоа се виновни сопствениците. Теоретичарите на заговор често тврдат дека потонувањето на Титаник е дело на измама со осигурување, откако ист таков брод, неговиот близнак „Олимпик“, потонал една година претходно.

Во документарецот „Ароганција Титаник“ се покажуваат цврсти докази дека сопствениците носеле одлуки со цел да заштедат пари, што би можело да влијае на шансите за опстанок на бродот.

„Олимписките бродови (Титаник и Олимпик) имале мотори со прилично скромна сила“, открива документарниот филм. Одлуката се сметала за економична, иако тогаш тие мотори биле застарени.

Конкурентската компанија „Кунард“ инсистирала на изградба на четири најсовремени турбини, а „Вајт стар“ се определил за два старомодни мотора и една турбина.

„Ова се сметало за многу економично, но всушност веќе застарело и било помалку ефикасно. Во 11:40 часот, на 15 април 1912 година, морнарот Фредерик Флет забележал леден брег пред бродот и го известил првиот офицер Вилијам Мардок. Тој се обидел да го сврти бродот, но било предоцна. Во сударот, пробиена е целата десна страна на „Титаник“.

Доколку сопствениците користеле ист мотор како и нивната конкуренција, бродот би бил побрз за пет јазли, што веројатно би ја направила клучната разлика во избегнувањето на катастрофата.

 

Но, најголемиот проблем се случил откако екипажот почнал да ги евакуира патниците, во 20 чамци за спасување можеле да се сместат само 1.178 патници. На бродот имало 2.208 луѓе.

 

Scroll to Top