Кина и Русија заговараат заедничко истражување на вселената

Руската државна вселенска компанија „Роскосмос“ е во преговори со колегите од Кина за заедничко истражување на вселесната. Двете страни ги одредуваат научните задачи на вселенската станица и техничките аспекти на имплементација на проектот.

Генералниот директор за меѓународна соработка на „Роскосмос“, Сергеј Савељев, за ТАСС изјавил дека во тек се преговори кои имаат цел да ги утврдат задачите за истражување на Месечината, кои треба да бидат од обостран интерес.

Додека не биде постигнат договорот со кинеските партнери и додека не биде формирана релевантна правна рамка за сорабка, рано е да се зборува за ангажирање одредени земји и организации, истакна Саваљев.

Сите прашања за соработка на руските и кинеските експерти се разгледуваат во рамките на специјални работни групи. Портпаролот на Кинеската национална вселенска администрација претходно изјавил дека Кина ќе продолжи со истражување на Месечината.

Земјата очекува да се здружи со Русија за заедно да ги имплементираат проектите во врска со тоа. „Роскосмос“ и Кинеската национална вселенска администрација во ноември 2017 година потпишаа програма за вселенска соработка за периодот од 2018 до 2022 година.

 

 

Scroll to Top