Владата на САД ја обвини Куба дека преку радио фреквенции предизвикува мистериозни симптоми кај американските дипломати, во амбсадата во Хавана и на уште неколку места.
Во соопштението до Националната академија на науки, е наведено дека симптомите се резултат на насочени, пулсирачки радио фреквенции, на кои биле изложени американските дипломати, пренесува „Ројтерс“.
Одреден број на американски дипломати имале симптоми, како што се главоболка, мачнини, вртоглавица и други необјасниви симптоми, наречени „Синдром Хавана“, нешто за што долго време се шпекулирало во јавноста.
Денешниот извештај го означува првото официјално објаснување на Вашингтон за оваа појава, иако било неубедливо.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјавил во октомври дека владата употребила значителни ресурси, настојувајќи да ја реши оваа мистерија на непознати симптоми, кои се појавиле кај повеќе од 40 американски дипломати во периодот од 2016 до 2018 година.
Стејт департментот во јуни 2018 година, соопштил дека наредил враќање на некои од дипломатите и од Кина, поради страв дека имаат слични, мистериозни симптоми.