Мажот со роговите кој влезе во Капитол – „Трамп ме измами“

Џејкоб Ченсли, кој се прослави со неговиот влез во Капитол маскиран со крзно и рогови на главата, сега изјавил дека бил изманипулиран и измамен од страна на сега веќе поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Ченсли кој стана познат како “Шаманот на QAnon”, беше уапсен за време на минатонеделните нереди кои се случија во Капитол. Тој вели дека го молел Трамп да го помилува, но, на крајот тој бил изигран.

Неговиот адвокат Ал Воткинс, изјавил дека на Ченсли му е јасно дека погрешил и дека жали за стореното дело и дека се нашол во ситуација во која не смеел да си дозволи да се најде уште на почетокот.

“Ченсли многу жали, не само затоа што претседателот го измами, туку и затоа што воопшто се доведе во позицијата да носи одлуки кои не требаше да ги донесе”, изјавил Воткинс, а пишува Daily Beast.

На почетокот на оваа недела, пред да ја напушти претседателската канцеларија, Доналд Трамп и натаму се тешел дека и покрај сè неговите приврзаници и натаму го сакаат. Меѓутоа, изгледа дека по загубената власт го напуштил дури и еден од неговите најпознати приврзаници.

 

 

 

 

Scroll to Top