Кога станува збор за подобрувањето на нивните прехранбени продукти, компанијата „Мекдоналд“ отсекогаш имала само пофални зборови.
Во последните неколку години мегакомпанијата за брза храна ветила дека ќе им овозможи на своите потрошувачи пилешко без хормони и антибиотици во своите производи инсистирајќи на ограничување на ваквите супстанции во своето месо и дека ќе продаваат само здрави газирани пијалаци.
Сепак, компанијата во своите производи користела многу повеќе шеќер, сол и калории во однос на храната што им ја продавала на своите американски потрошувачи пред 30 години.
Компанијата се гордее со фактот дека ги чува своите прехранбени информации за своите оброци пред 30 години, па за новинарите на „Сан“ лесно им било да ги споредат состојките од пред три децении со овие сега.
Додека нивото на протеини вртоглаво паднало во повеќето нивни бургери, нивото на шеќер во неколку нивни други производи, вклучувајќи го и бигмек, сега е трипати поголемо во однос на 1989 година. Шејкот од ванила има четвртина повеќе калории, третина повеќе шеќер и четвртина повеќе маснотии во однос на оној што се продавал во периодот пред три децении.
Редовната порција пржени компири содржи 42,8 отсто повеќе калории, 17,2 проценти повеќе маснотии и неверојатни 24 отсто повеќе сол.
Во чизбургерот содржината на шеќер е зголемена неверојатни 248 отсто, што е маргинално помалку од 285 отсто зголеменото влијание на шеќерот колку што има бигмекот со сирење.
„Овие бројки ја шокираа јавноста“, изјавил професорот Грахам Мекрегор.
„Во време кога прехранбената индустрија треба да напредува за да ја намали количината храна со високо ниво на шеќер, сол, маснотии и калории, „Мекдоналд“ очигледно заостанува во сето ова.
Во 2015 година „Гардијан“ известил дека компанијата ветила оти ќе престане да служи пилешко во кое се вшприцуваат антибиотици, што предизвикувало скептицизам кај голем број клиенти кога компанијата не успеала да го оствари ветувањето што го дала во 2003 година.