Холивудскиот глумец Џад Лоу призна дека уште пред 9 години му го најавиле ковид 19. Британскиот глумец во 2011 година играше во една од улогите во филмот „Зараза“, за кои многумина сметаат дека го најавил коронавирусот.
Во разговор за GQ, Џад Лоу откри дека сценариото кое во моментов се одвива во светот, било веќе однапред подготвувано.
„Дефинитивно имав чувство дека ќе се случи вакво нешто. За време на снимањето на фимот, со нас работеа бројни научнци и експерти, кои ни објаснуваа како сценариото кое тогаш го игравме на филмското платно, е сценарио кое за неколку години ќе го доживееме во реалниот живот“, објаснил Лоу и открил дека на крајот на минатата година, знаел што ни се подготвува.
„Кога започна 2020 година, а во медиумите се зборуваша како во последните месеци во Кина се шири некаков вирус, за жал, јас не бев изненаден. Знаев дека дојде тоа за што ми говореа пред девет години“, раскажал глумецот.
Филмот „Зараза“ заработи 136.5 милиони долари, а популарноста нагло му порасна оваа година, за жал, токму поради неверојатната сличност со моменталната епидемиолошка ситуација во светот.