„Гугл скај“ неодамна откри простор во вселената кој претходно бил цензуриран или сокриен, а кој ја прикажува Планетата X, позната како Нибир. НАСА очигледно нè излажала.
По пребарувањата на стотина милиони објекти низ вселената, НАСА има широкопојасен инфрацрвен пребарувач (WISE) и не открила доказ за хипотетичко небесно тело во нашиот соларен систем, каде што се наоѓа Планетата X.
Истражувачите имаат теорија за постоењето на ова небесно тело, кое се наоѓа некаде зад орбитата на Плутон, но никогаш не го виделе.
Во најновата студија, за која WISE го пребара целиот небесен простор со инфрацрвено светло не е откриен ниту еден објект со големина на Сатурн или поголем од него на оддалеченост од 10.0000 астрономски единици и ниту еден објект не е поголем од Јупитер на оддалеченост од 26.000 астрономски единици. Една астрономска едница изнесува 139,5 милиони километри. Земјата е одалечена од Сонцето за една астрономска единица, додека Плутон од Сонцето е оддалечен за 40 астрономски единици“.
А што е со откритието од 1983 година?
„Во ноември 1983 година инфрацрвениот телескоп IRAS на НАСА откри неверојатно голем објект, опишан како бавна горечка ѕвезда што се движи право кон нашиот соларен систем од подрачјето Орион“, наведе доктор Јасен Ранд, истражувач и автор на книгата „Враќање на Планетата X“.
Неверојатно е како медиумите 24 часа по тоа не напишаа ништо за тоа.
Ранд исто така наведе дека постоењето на Планетата X не ѝ било познато на јавноста туку само на владата.
Захарија Сичин, реномираниот истражувач и автор, наведе дека Планета X се движи во вселената преку многу елипсоидна орбита и дека се приближува до Земјата од јужната страна, излегувајќи од другата страна на Сонцето над соларниот систем во интервал од 3600 години.
Захарија Сичин ја протолкувал мезопотамската иконографија и симбологијата и заклучил дека постои неоткриена планета зад Нептун, која се движи во долга, елипсоидна орбита. Таа планета е наречена Нибир. Според теоријата на Сичин, планетата Нибир одамна се има судрено со планета што се наоѓа на орбитата меѓу Марс и Јупитер (Тијамат), нешто од што настанале Земјата, Месечината и појасот астероиди.
Факт е дека приближувањето на небесните тела до Земјината атмосфера предизвикува значителна промена во магнетската активност. Дали тоа објаснува зошто времето се менува во толкава мера и зошто се зачестени вулканските и тектонските активности?
Власта веќе со години е свесна за приближување на ова небесно тело и неговиот циклус од 3600 години, кои јасно се споменуваат во древните вселенски текстови.
Текст на „Вашингтон пост“ од 30 декември 1983 година наведува:
„Небесното тело е големо колку планетата Јупитер и во нашиот соларен систем е пронајдена ѕвездата Орион, со помош на орбитирачки телескоп на американскиот инфрацрвен астрономски сателит. Овој објект е толку мистериозен што астрономите не знаат дали е во прашање планета, џиновска комета, потенцијална ѕвезда која не е доволно загреана или одалечена млада галаксија која штотуку се формира.
„Сигурни сме дека не знаеме што е“, изјави доктор Гери Нојгебауер, директорот на Паломар опсерваторијата.
Еве што НАСА напиша пред само неколку недели:
„НАСА не знае за никаков астероид ниту комета која во моментов се наоѓа на патот кон Земјата така што можноста за удар е прилично мала“, наведе портпаролот на НАСА.
„Можеме да кажеме дека ниту еден поголем објект нема да ја погоди Земјата во наредните неколку стотина години“.
Но, сега „Гугл скај“ откри простор во вселената кој претходно бил цензуриран или сокриен и кој ја прикажува Планетата X.
Гили Броусард на својата сметка на „Јутјуб“ наведе дека, според неговите пресметки, планетата Нибир требала да помине покрај Земјата на 26 март минатата 2016 година.
Џоел Росенберг, проучувачот на библиското пророштво, исто така пред неколку дена на својот блог напиша:
„Нешто доаѓа. Не знам што, но мораме да бидеме подготвени. Клучното прашање е дали Америка е на пат кон ужасен колапс или големо просветлување?“.
Владините претставници во НАСА неодамна ургираа кај Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) да преземат неопходни мерки за надоаѓачкиот апокалиптичен настан.
Во неговиот апел се наведува дека катастрофалниот земјотрес и вулканските ерупции ќе бидат сè позачестени и дека светот во моментов се наоѓа во најопасниот период во изминатите 200 години.