Пет непознати факти за убиството на Џон Кенеди

Владата во САД го укина ембаргото на дел од документите од истрагата за убиството на Џон Кенеди. Сепак, треба да се напомене дека архивата и понатаму е целосно недостапна. Најважните информации и понатаму се класифицирани како тајни.

Атентатот на претседателот на САД, Џон Кенеди, е извршен во Далас на 22 ноември 1963 година.

Кон Кенеди во 12:30 часот по локално време, додека се возел низ улиците на градот, во претседателската лимузина со спуштен кров, биле истрелани три куршуми од пушка, од кои два го погодиле и биле смртоносни за него.

Неколку часа подоцна поранешниот маринец Ли Харви Освалд бил уапсен, а потоа и обвинет за атентат. Освалд тврдел дека бил невин, но немал можност својата невиност да ја докаже пред суд затоа што два дена подоцна во полициска станица пред ТВ екраните бил убиен од страна на Џек Рубји, сопственикот на ноќниот клуб, поврзан со организиран криминал.

Сепак, од она што е дадено на увид во јавноста, вреди да се истакнат 5 важни факти:

  1. Линдон Баинс Џонсон, 36. американски претседател, бил член на Ку клукс кланот.
  2. Британскиот репортер добил информација за обид за атентат 25 минути пред самото пукање.
  3. Истрагата покажала дека во атентатот учествувале повеќе од еден стрелец.
  4. Слобода на говор – ЦИА ангажирала повеќе од 40 новинари кои објавувале лажни вести за истрагата.
  5. Дваесет и осми септември 1963 година Ли Харви Освалд се состанал со конзулот Валериј Костиков во Амбасадата на СССР во Мексико.

 

Scroll to Top