Планетата останува без вода, нафта, но и песок

Доколку планирате да летувате на песочните плажи, научниците ве советуваат да го направите тоа колку е можно побрзо. Алармантната статистика вели дека околу 67% од калифорниските плажи ќе исчезнат во целост до 2100 година.

И тоа поради преголемата побарувачка на песок. Песокот е еден од природните ресурси кои најмногу се користи, но истиот исчезнува поради тоа што го трошиме побрзо отколку што нашата планета може повторно да го произведе.

Поточно, на годишно ниво трошиме околу 50 милијарди тони пеоск, што е двојно повеќе од тој кој го произведуваат сите реки во светот. Иако не размислуваме премногу за песокот, вистината е дека ние го користиме на дневна база.

 

Песокот има широка примена. По воздухот и водата, песокот го трошиме дури и повеќе од нафтата. Се користи во производство на електроника, стакло, нафта, храна, вино, паста за заби, козметика, хартија, боја, пластика и многу други производи.

Најмногу се користи во градежништвото. При изградба на куќа, просечно се потребни 200 тони песок, за болница околу 3000 тони, додека за еден километар авто-пат, потребни се дури 10.000 тони песок. Изградбата на сите овие наведени работи од година во година растат и се шират, особено во земјите во развој.

Најголемиот потрошувач е Кина, а таа држава не го користи само за бетон и изградба на солитер, туку и за територијално ширење. Кина со помош на песокот изградила и острови во Јужнокинеското море, а не е единствената. Вештачки градби има во Дубаи, каде за изградба на острови биле искористени 186,5 милиони метри песок. Но, она што е неверојатно е дека Дубаи, кои буквално песокот им е под нозе, за тие проекти биле принудени да увезат песок.

Цената расте поради пребрзата експлоатација. Виетнам би можел да остане без песок до 2020 година, тврди Фам Ван Бац, директорот од виетнамскиот секретаријат за градежни работи. Јасно е дека песокот стана посакувана роба, па не чуди тоа што свое место во целата приказна си најде и мафијата.

Dubai

Песокот се краде речиси насекаде во светот, но индиската песочна мафија стекнала репутација на особено бескрупулозна и сурова. Бандите песокот го крадат директно од плажите, багерите, шлеперите, па дури и од лопатите со кои се товари оваа суровина. Потоа со магарињата го пренесуваат до блиските градилишта. Организирани групи имаат и специјални броови со кои го вшмукуваат песокот од морското дно.
Песокот станува се поважен ресурс, така што почнале да се појавуваат и „песочни мафии“, кои нелегално го експлоатираат овој ресурс. Тоа е посебен проблем во Индија. Само минатата година стотина луѓе биле убиени“, изјавила Аурора Торес научник од германскиот Центар за интегративно истражување на биодиверзитетот.

Се чини дека е невозможно светот да остане без песок имајќи ги во предвид пустините како Сахара. Сепак, финиот песок од Сахара не е погоден како градежен материјал, а токму песокот за тоа се користи. Единствен погоден песок е речниот или тој на морското дно.

Една од последиците од исчезнувањето на песокот од планетата, може да биде зголемената опасност од природните катастрофи како што се цунамито или бурите. Ова најочигледно може да се забележи на Шри Ланка каде брановите од цунамито во 2004 година биле значително поголеми и разорни. Научниците сметаат дека извлекувањето на песокот е причина за тоа.

 

Scroll to Top