Планот за градба на местото Мати, на истокот од Атика, каде што пожарите во изминатите три дена уништија речиси сè, довело до тоа да жителите западнат во „стапицата на смртта“, од која не можеле да излезат.
Ова го тврди Ефтимиос Лекас, грчки професор по динамички тектоники и применета геологија, напоменувајќи дека многу мал број на грчки градови се изградени на адекватен начин.
Анализирајќи го трагичниот резултат на пожарите кои во понеделникот го зафатија одморалиштето на брегот на источна Атика, тој навел 10 причини поради кои изгорела источна Атика.
Ευθύμιος Λέκκας: Ο δεκάλογος της ανείπωτης τραγωδίας στην Αττική https://t.co/e6Y4GRxCmR
— protothema.gr (@protothema) July 26, 2018
Тој навел дека екстремните временски услови, силните удари на ветерот, брзината на ширењето на оганот, шумата која не била исчистена, морфологијата на теренот, која влијаела на брзото напредувањето на пожарот од запад кон исток, односно од планините кон морето…
Но, како одлучувачки фактор за ужасните размери на оваа трагедија и големиот број настрадани, тој ја навел положбата на зградите и патиштата под авенија Маратонос.
„Тој урбанистички план е ‘стапицата на смртта’, поради која поголемиот број жители и посетители останале заглавени и заробени во место. Планот има патишта кои не водат никаде, ќорсокаци и патишта кои водат до стрмните предели над морето“, објаснува Лекас.
Ο Ευθύμιος Λέκκας στον ΑΝΤ1 για τα αίτια της τραγωδίας (βίντεο) https://t.co/YfXDBhXydi
— TVNEWS.GR (@Greecetvnews) July 25, 2018
Со приближување кон Мати, кон малото гратче Мандра, на западот на Атика, Лекас вели дека тие два случаи се слични, со тоа што првиот е уништен од пожарите, а вториот од поплави. Со урбанистичките планови не се водело сметка за опасностите што би можеле да искрснат.
Професорот укажува на тоа дека многу мал број грчки градови се изградени на начин што одговара за местото, особено кога станува збор за безбедноста и предупредува дека сега е прашање што би можело воопшто да се направи во сите области во Грција кои се развиени во последните четири или пет децении со постојано кршење на прописите за планирање на градење и нивните несогласни уфрлувања во урбанистичкиот план.
Пожарите во изминатите три дена однеле најмалку 85 животи на истокот на Атика, а 26-те јагленосани тела се најдени во ноќта меѓу понеделникот и вторникот во околината на Матија, меѓу две куќи во местото Аргира Акти.