Најголемиот верски авторитет во Турција изјави дека секој побожен муслиман мора да ја користи својата десна рака додека јаде и пие затоа што, очигледно, само демоните биле левораки.
Турската Управа за верски прашања (Diyanet), која е службена државна институција, издала верски декрет „фетва“, што значи дека тие кои се родиле како левораки треба да се станат деснораки за нивно добро, барем кога е во прашањето јадење на масата за ручек и вечера. Верскиот декрет е одговор на прашањето за јадење со лева рака.
„Со воспоставувањето општи начела во врска со јадење и пиење, пророкот Мухамед не јаде со лева рака“, изјавил државен службеник, додавајќи дека Пророкот посветил голема важност по ова прашање и ја предупредил својата заедница дека демоните јадат и пијат користејќи ја својата лева рака.
„Тоа е должност на секој муслиман, да се придржува на советите и упатите на Пророкот во врска со јадење и пиење со десна рака“, изјавиле од „Дијанет“ на својата службена интернет-страница, пишува „Раша тудеј“.
Верскиот декрет е правна, но не и обврзувачка должност, но толкувањето на исламскиот код обично се издава од страна на надлежно тело.
„За да бидеме сигурни дека муслиманските деца се придржуваат кон правилата пропишани од Пророкот, задолжително е родителите да ги научат своите деца да ја користат само нивната десна рака кога јадат и пијат“, стои во соопштението.
Исклучок е направен за луѓе со инвалидитет, кои не можат да се усогласат со ваквата пракса. Изјавата предизвикала јавна реакција, а турскиот експерт и новинар Марк Џилет напоменал на „Твитер“ дека „побожните муслимани во Турција кои се левораки се чувствуваат страшно“.
Другите критичари се согласиле со дискриминаторската природа на изјавата тврдејќи дека е во согласност со тековното гушење на граѓанските слободи во Турција.
Ова не е единствена одлука од управата на „Дијанет“ која предизвикала чудење во последните неколку месеци.
Во јануари управата ги поддржала браковите меѓу децата и девојчињата на возраст од 12 и 9 години.
Изјавата, која се појави во онлајн верскиот поимовник на нивната веб-страница, веднаш предизвикала хаос, а опозициските партии побарале парламентарна истрага меѓу властодршците.
„Дијанет“ потоа го симнал овој спорен текст од нивната службена страница негирајќи дека некогаш ги поддржувал детските бракови, кои инаку се казниво дело во Турција.
Во верскиот декрет во соопштението исто така се предупредува дека секој маж кој ќе ѝ каже на жената дека го потсетува на некоја негова роднина, мајка или сестра, автоматски треба да се раздели од сопругата.
Освен давањето насоки за животот, „Дијанет“ исто така се занимава со финансии и висока технологија и нагласила дека тргувањето со криптовалути е несоодветна на исламот.