Се сеќавате на принцот Мустафа од Сулејман Величествениот? И на 47 години изгледа фантастично

Турскиот актер Мехмет Гунсур се прослави во хит серијата Сулејман Величествениот, во која го отелотвори ликот на принцот Мустафа, најстариот син на Сулејман. Актерот, кој сега има 47 години, има татарско потекло, а кариерата ја започнал како дете, на седумгодишна возраст кога почнал да се појавува во разни реклами.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mehmet Günsür (@mehmet.gunsur)

Првата телевизиска улога ја добил на 14 години кога се појавил во серии во режија на Окан Ујсалер, а по дипломирањето за комуникација настапувал на концерти со бенд и отворил ресторан. Откако доби улога во филмот Хамам, тој се посвети на актерството и оттогаш глумеше во бројни филмови и серии, а неодамна се појави и во серијата „Подарок“ на Нетфликс.

Инаку, Гунсур се ожени за италијанската режисерка Катерина Монџо во 2006 година и заедно имаат две деца, синот Али и ќерката Клое.

Scroll to Top