Шест знаци дека вашиот сопруг не ве сака како порано

Болно чувство е кога ќе сфатиме дека лицето со кое сме во врска или брак долго време повеќе не нè сака.

Безброј книги се напишани за љубовта. Тие се пишуваат денес, а ќе бидат напишани и во иднина, но секогаш некако тивко ја преминуваат другата страна на медалот – рамнодушноста.

Рускиот психолог Ана Кирјанова напиша неколку дела фокусирани на машко-женските односи.

Во своите дела, таа се занимава со главните причини за несреќните врски во кои се наоѓаат некои заљубени парови. Психологот тврди дека постојат сигнали кои покажуваат дека вашиот маж повеќе не ве сака како порано.

Тој не ве сака ако: не ве прегрнува спонтано, не разговара со вас за ситници, не ви се јавува да види како сте во средината на работниот ден…

Тој не ве сака ако: не можете да сметате на неговата помош. Кога мора да се грижиш за него како да е петгодишно дете, а не четириесет и петгодишен маж.

Тој не те сака: кога ти се потсмева. Кога не те забележува, кога не го забележува твојот труд и работа. Кога ти кажува дека јадеш многу или дека не може да ти ја јаде храната затоа што не е она на што е навикнат.

Не те сака кога: кога ти кажува дека зборуваш глупости, дека не размислуваш со своја глава, дека си глупава ако така размислуваш…

Не те сака кога ти кажува: твоја е вината. Не те сака кога не одобрува ништо што правиш или кажуваш.

 

Scroll to Top