Шведската полиција: Очекуваме обвинение за Холанѓанецот кој беше исфрлен од Евровизија

Шведската полиција соопшти дека Јост Клајн, холандскиот претставник на Изборот за песна на Евровизија, кој беше дисквалификуван пред финалето на натпреварот поради закани кон член на телевизиската продукција, најверојатно ќе биде обвинет за закани.

Портпаролот на шведската полиција Џими Модин изјави за „Гардијан“ дека истрагата е завршена и дека одлуката дали да се подигне обвинение треба да биде донесена во следните неколку недели. Тој не откри кои се заканите.

„Очекуваме дека најверојатно ќе има казнен прогон“, изјави полицаецот Емил Андерсон за СВТ. Тој додаде дека тоа ќе биде „забрзано гонење“, процес кој трае шест до осум недели, бидејќи расправијата не вклучувала посериозно дело.

Шведскиот весник „Сидсвенска“ наведува дека кривичното дело упатување закани обично води до парични казни. Шведскиот „Aftonbladet“ претходно напиша дека Холанѓанецот признал дека ја удрил жената фотографка.

Според изворот на „Афтонбладет“, Клајн наводно признал се за време на сослушувањето и рекол дека бил под голем стрес поради сите фотографи и побарал од нив да престанат да снимаат. Кога не го послушале, тој се налутил и ја кренал тупаницата и ја нападнал фотографката. Сепак, не ја удрил.

Според луѓето кои биле зад сцената, Јост Клајн се извинувал и повторувал: „Жал ми е, извини“. Сепак, не е јасно дали ова извинување е упатено и до фотографката. По инцидентот Холанѓанецот беше дисквалификуван од натпреварувањето.

Претходните медиумски извештаи, кои се појавија откако Клајн не настапи на петочната проба, сугерираа дека има конфликт помеѓу Клајн и израелската делегација поради различните ставови за војната меѓу Израел и Хамас.

Неговото исклучување, сепак, нема никаква врска со неговиот однос кон другите делегации, посочуваат од ЕБУ.

Scroll to Top