Смртта на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун би можела да биде причина за почеток на прво, граѓанска војна во самата земја, а подоцна да ја повлече и најмоќната воена сила САД, што би довело до светска војна пишува британски „Сан“.
Смртта на севернокорејскиот лидер може да ги присили САД и Јужна Кореја да почнат со воени активности кои би претставувале бледа сенка на она што се случуваше во Авганистан и Ирак, предупредуваат експертите.
Експертите се плашат дека празнината која ќе остане на лидерското место, по смртта на Ким, може да еруптира во граѓанска војна во која ќе учествуваат сите воени единици во рамките на силната армија на Северна Кореја.
Регионалните известувачки сили велат дека секој хаос предизвикан од смртта на Ким, може да доведе до интервенција на југот и на моќниот сојузник Америка.
Досега не е познато дали Ким успеал да ја преживее операцијата на срцето. Висок официјален претставник од Белата куќа изјавил дека веќе се разгледува можноста за неговиот наследник.
Јужна Кореја и Кина изјавија дека не веруваат во извештаите за тоа дека Ким е во сериозна опасност и сметаат дека тие се неосновани. Висок официјален претставник од Пентагон изјавил дека Ким веројатно сеуште има целосна контрола над својата војска.
„Немам што да потврдам или негирам. Претпоставувам дека Ким Џонг Ун сеуште има целосна контрола врз Корејците, нуклеарната сила и корејските воени сили“, изјавил американскиот генерал Џон Хајтен.
Дејвид Максвел, полковник во пензија и постар соработник во Фондацијата за одбрана на демократите, објаснил дека работите можат да почнат да се одвиваат во сосема непосакуван правец.
„Единиците на Севернокорејската народна армија се натпреваруваат за ресурси и опстанок“, изјавил Максвел за „Воен Тајмс“.
„Ова би можело да доведе до внатрешен конгфликт меѓу единиците и може да ескалира во граѓанска војна“, објаснил тој.
Максвел стравува дека крвопролевањето во нуклеарната држава, може да доведе до тоа Јужна Кореја да биде принудно вовлечена во акција, а потоа да ги повлече и САД во војна.
„Алијансата ќе треба да биде подготвена да ја обезбеди целосната безбедна програма за нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје кое се наоѓа во магацините и фабриките во земјата заедно со сите производствени капацитети и човечка инфраструктура“, изјавил Максвел.
„Ова е операција за вонредни состојби што ќе ги направи интервенциите во Авганистан и Ирак бледа сенка“, објаснил тој.
Предупредувањата на Максвел дојдоа откако кошаркарската легенда на Чикаго Булс, Денис Родман, откри дека се моли за својот пријател Ким, за побрзо да оздрави.
„Се надевам дека вестите за здравјето на Ким се само шпекулации и дека Ким не е болен. Се надевам дека и брзо ќе дознаам за неговата состојба. Сеуште има многу работа што треба да се направи меѓу двете земји“, изјавил Родман за „ТМЗ“.
„Ако Ким не се чувствува добро, јас се молам за негово брзо опоравување. Сакам моите пријатели претседателот Трамп и Ким да можат да продолжат да го создаваат мирот“, дополнил Родман.
Поранешната легенда на Чикаго Булс има долгогодишно пријателство со лидерот на Северна Кореја. Во 2013 година, тој беше домаќин на серија кошаркарски изложби во непријателската држава на САД и беше првиот американски граѓанин кој лично го запознал Ким.
Опишувајќи го нивниот однос, Родман за „Добро утро Британијо“ откри дека постојано се дружел со него.
„Се смееме, пееме караоке, правиме многу кул работи заедно, скијаме и јаваме коњи“, открил Родман.
Врховниот лидер на Северна Кореја (36) го пропушти славењето на роденденот на неговиот дедо Ким Ил-Сунг на 15 април, кое најпрво предизвика шпекулации за неговото здравје, откако последен пат беше виден на 11 април.
Сè до тој момент, тамошните служби тврдеа дека тој се опоравува во вилата во одморалиштето Хиансан, откако беше подложен на кардиоваскуларна хируршка процедура на 12 април.
Здравјето на Ким се влоши во последниве месеци поради пушењето, дебелината и прекумерната работа. Сепак, извештаите кои излегуваат од непријателските линии, ги предизвикуваат гласините за тоа дека Ким веќе е мртов или неспособен за да продолжи да ја води земјата.
Извор/Сан