Уапсен приватен детектив во Берлин, осомничен за снимањето на аферата „Ибица“, која ја потресе Австрија

Германската полиција го уапси главниот осомничен за кој се сомнева дека е организатор на снимањето на аферата „Ибица“, по која, како резултат на неа, беше соборен врвот на Австриската партија за слобода (ФПО), а потоа беше срушена и австриската влада.

Станува збор за приватниот детектив Џулијан Х., кој, како што пренесуваат медиумите, се криел во Берлин. Тој бил специјализиран за индустриска шпионажа и заедно со еден адвокат од Виена важел за главниот што бил одговорен за снимањето на ова видео.

Џулијан ангажирал девојка што глумела дека е внука на еден руски милијардер и изнајмила вила, во која било снимено седучасовното видео. На состаноците со тогашниот потпретседател на (ФПО), Јохан Гуденус, и наводната руска милијардерка, тој глумел преведувач и придружник.

Во видеото се слуша разговор на теми, како што се и донациите на партиите. По една година бегство, тој врз основа на европска потерница е уапсен. Клучно за неговото апсење била информацијата што стигнала од романската полиција.

Било јавено дека Џулијан од Букурешт со лет стигнал од источна Европа, во Белрин, каде што се криел. Со апсењето на главниот осомничен, австриската полиција сега се надева дека ќе се дознае идентитетот на девојката шот ја глумела Русинката, како и изворот што го финансирал снимањето.

Тогашниот лидер на ФПО и вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе бил принуден во мај пред една година да си поднесе оставка од сите политички функции поради содржините на разговорот во видеото.

Штрахе на Русинката ѝ понудил државна работа, а за возврат барал финансиска помош на неговата партија со заобиколување на ревизорските власти.

 

 

Scroll to Top