Убиецот на Аркан, Добросав Гавриќ, кој е осуден за убиство на поранешниот лидер на српската војска, се плаши дека ако се врати во Србија ќе биде убиен, пренесуваат српските медиуми.
Гавриќ доставил нови докази до судот кои јасно покажуваат дека приврзаниците на Аркан имаат цел да му се одмаздат.
Иако судот во Кејптаун одлучил Гавриќ да биде испорачан во татковината, тој сепак сега поднел жалба. Гавриќ е осуден на 35 години казна затвор поради убиството на Аркан, Миленко Мандиќ и Драган Гариќ. Гавриќ повторно побарал азил од судот во Јужноафриканската Република.
Во тамошниот суд доставил нова документација и докази за тоа дека животот му е загрозен во неговата татковина.
За потсетување, судот во Кејптаун во февруари даде согласност Гавриќ да биде испорачан во Србија, но, како што пренесуваат српските медиуми и неговиот адвокат, Вељко Делибашиќ, правната битка сè уште не е готова.
На оваа одлука, со нова документација, поднесена е нова жалба.
„Очекуваме судот во Јужноафриканската Република да ја уважи нашата жалба и да не го испорача Гавриќ во Србија“, вели Делибашиќ.
Гавриќ бил уапсен во ЈАР во 2011 година и од тогаш е во притвор. Србија веднаш побарала испорачување, но тој во повеќе наврати побарал азил, тврдејќи дека, доколку биде испорачан, животот во Србија ќе му биде загрозен поради одмазда за убиството на Аркан.
Наводно, Гавриќ убил тројца луѓе во „Интерконтинентал“ на 15 јануари 2000 година и поради тоа побарал азил. Смета дека неговиот живот во Србија е загрозен, а како доказ доставил правосилни пресуди од Специјалниот суд во Белград, каде што е утврдено дека голем број луѓе биле убиени од истата причина. До Јужноафриканскиот суд доставиле и правосилни пресуди против припадниците на земунскиот клан и уште неколку пресуди, потврдил адвокатот на Вељко Делибашиќ.
Пресудите што Гавриќ ги доставил се однесуваат на убиствата на Бранко Јефтовиќ – Јорге, Зоран Усковиќ – Сколет, како и обидите за убиство на Андрија Драшковиќ, Зоран Недовиќ- Шока и многу други луѓе, кои припадниците на земунскиот клан ги сметале одговорни за убиството на Жељко Ражнатовиќ – Аркан.
Еден од сведоците на соработниците, Миладин Сувајџиќ, говорел за тоа пред судот. Тој тогаш го обвинил поранешниот командат на ЈСО Милорад Улeмек – Легија, кој служел казна од 40 години, дека им наредил на „земунците“ да го одмаздат убиството на Аркан.
Покојниот Душан Спасојевиќ изјавил дека Легија наредил одмазда за убиството на Ражнатовиќ, изјавил сведок кој соработувал со истражителите.
И припадникот на земунскиот клан Сретко Калиниќ признал пред Специјалниот суд дека во 2004 година Бранко Јефтовиќ – Јорг учествувал во обидите за убиство на Андрија Драшковиќ и Зоран Недовиќ – Шок. Тој изјавил дека тие убиства требало да бидат одмазда за тоа што се случило во „Интерконтинентал“.
Според зборовите на адвокатот на Гавриќ, Вељко Делибашиќ, освен стравот за сопствениот живот, тој побарал азил во ЈАР и поради тоа што не очекува дека во Србија ќе има законско и праведно судење.
Втората причина поради која бара да не биде испорачан во Србија е во самиот предмет на Гавриќ. За време на судењето, тој не го испочитувал законот, голем број од доказите биле уништени, а некои биле и незаконски.
„Судењето не било ни законско, а ни правично, па до судот доставивме комплетна документација од постапката за Гавриќ, од која може да се види тоа“, вели неговиот адвокат.