(Видео) Алма Купер е новата Мис на САД

Мис Мичиген Алма Купер ја освои титулата Мис на САД за време на 73-тата годишна церемонија.

Таа ќе ги претставува Соединетите Американски Држави на изборот за Мис Универзум 2024 година, кој ќе се одржи во ноември.

Прва и втора придружничка беа Мис Кентаки Конор Пери и Мис Оклахома Даника Кристоферсон.

Алма е 22-годишен офицер во американската армија и студент на Универзитетот Стенфорд.

„Како ќерка на работници-мигранти, горда афро-латиноамериканска жена и офицер во армијата на Соединетите држави, го живеам американскиот сон“, рече Алма, според Си-ен-ен.

„Од мала сакав да прошетам на сцената како Мис на САД. Открив дека моите вештини и оваа заедница, љубов и поддршка – успеаја да ме направат подобра кандидатка“, додаде таа.

Scroll to Top