Повеќе од 100 полицајци и агенти на ФБИ, биле вклучени во акцијата на апсењето на браќата Дука кои имаат потекло од градот Дебар. Она што во тоа време се сметало за една од најпознатите антитерористички акции по рушењето на њујоршките кули на 11. септември во 2001 година, било апсењето на тројцата браќа Дука.
Денес двајца од браќата Дритан и Елјвир, служат доживотна казна во ADX Супермаркс затворот во Колорадо, за кој се зборува дека е чиста верзија на пеколот. Овие денови таму им се придружи и злогласниот нарко-бос Ел Чапо, кој во средата ја доби својата пресуда на доживотен затвор.
Малку кој можел да замисли дека тројцата момци од албанското подрачје, кој во 80-те години живееле во источна Македонија, ќе станат едни од најопасните терористи во САД. Но, веќе следното утро откако ФБИ упаднал во куќата на нивната мајка, пред стотина новинари, излегол државниот обвинител на Њу Џерси Крис Кристи.
Опкружен со своите помошници Кристи порачал дека филозофијата која го поддржува и поттикнува џихадот против американските државјани ширум светот, стигнала и до Њу Џерси, заканувајќи се на животите на тамошните жители, а која била поддржана од петмина мажи.
Освен тројцата браќа Дука, приведени се и нивните двајца пријатели, Мухамед Шенвер и Сердар Татар, кој според Кристи, се обиделе да извршат терористички напад на блиската воена база „Форт Дикс“. Според името на воената база, браќата и нивните пријатели, станале познати низ цела Америка, како ќелијата Fort Dix Five.
Оваа пресуда сепак донела трагичен пресврт за сите останати членови и нивните деца. Браќата во САД стигнале од Дебар. На новиот континент требале да почнат нов живот, но тогаш 28 годишниот Дритан, 26 годишниот Шаин и 23 годишниот Елјвир биле осудени за заговор против американските војници и осудени се на доживотен затвор.
Лата Дука и сопругот Фирик, албански муслимани, одлучиле да го напуштат селото во потрага за подобар живот за себе и тројцата синови. Тргнале на почетокот со воз, од бегалски камп во Латина во Италија, каде престојувале година дена. Потоа преку Мексико, завршиле во САД и тоа во Бруклин, градот Бенсонхурст.
Бенсонхурст бил познат во Бруклин како дом на мафијаши од разни националности. Руси се дружеле со Руси, Италијани со Италијани, а Албанци со Албанци.
„Обично моравме да се браниме затоа што другите не напаѓаа. Постојано бевме во конфликт. Не беше необично да дојдеме дома со помодрено око или раскрварена уста“, се присетува најмладиот Бурин.
Со време се повеќе се прилагодувале на животот на улицата. Дритан бил најтемпераментен и често во школо западнувал во невољи. Знаел дека не го одбрал најдобриот пат, па на крајот се откажал од школото.
„Ако не се тргнам, или ќе завршам во затвор или ќе бидам мртов“, му кажал Дритан на неговиот татко.
Кога момците пораснале се свртеле кон верата на воодушевување на нивните родители. Но, по нападот на САД врз Авганистан, сè се променило. Браќата станале радикални. Паднале поради планирање на нападот на американска воена база, нешто на кое ги наговорил информатор од ФБИ. Сите тројца браќа добиле доживотна казна.