Доналд Трамп е подготвен за војна со Северна Кореја, изјави сенаторот Линдзи Грахам.
Претседателот попрво би влегол во војна да ја уништи Северна Кореја, отколку да допушти да се развијат нуклеарен проектил со огромен дострел.
Влијателниот републикански експерт за надворешна политика Линдзи Грахам, изјави за NBC Тоday, дека претседателот му рекол за неговото трпение, кое е при крај, со одметничката држава како Северна Кореја.
„Постои воена опција: Како да ја уништитите програмата на Северна Кореја и самата Северна Кореја“, изјави тој.
Само оваа недела, севернокорејсскиот лидер Ким Јонг-ун, се пофали дека неговата земја сега може да ја погоди која било цел, на просторот во Соединетите Американски Држави. Ова се случи по извршениот најнов тест на интерконтиненталната балистичка ракета.
Светските сили се обидуваат да ја угушат програмата на вооружување на Пјонгјанг со санкции од страна на ОН, но не успеаа да го заплашат режимот, па сега во Вашингтон растат фрустрациите.
Грахам, изјави дека ако дипломатијата, а особено притисокот од север од страна на соседна Кина, не би ја сопрел програмата на Северна Кореја, тогаш САД нема да има избор, туку единствено може да се одлучи за воена акција.
„Тие ја шутираа лименката низ патот веќе 20 години. Ќе биде војна со Северна Кореја околу ракетната програма, ако тие и понатаму се обидат да ја погодат Америка со ICBM (интерконтинентална балистичка ракета)“, изјави тој, опишувајќи ги своите разговори со претседателот Трамп.
„Тој тоа ми го рече. Верувајте му. Да сум јас Кина, јас исто така би му поверувал, и би направил нешто по тоа прашање. Можете да ја спречите Северна Кореја, воено или дипломатски“ дополни Грахам.
„Подобро со дипломатски пристап. Но на нив нема да им биде допуштено да имаат ракета со која можат да ја погодат Америка со нуклеарно оружје. Ќе ја средиме Северна Кореја. Ние може да се носиме со нив во поглед на моќта. Тоа ќе биде одработено. Ние ќе ги средиме сите“, изјави пак Трамп.
Тврдата војна на зборови е во тотална спротивност на она што го мисли државниот секретар Рекс Тилиерсон, кој изјави дека САД не сака да ја сруши владата на Северна Кореја.
„Ние не бараме промена на режимот, ние бараме колапс на режимот, не бараме забрзано повторно обединување на полуостровот, ние не бараме оправдување за испраќање на нашата војска над северната 38 паралела“, изјави Тилерсон пред новинарите во Стејт Департментот.
„Ние не сме ваши непријатели…но ако вие претставувате неприфатлива закана за нас, ние ќе мораме да одговориме. И ние се надеваме дека во некој момент, тие ќе почнат да сваќаат дека и ние би сакале да седнеме на маса и да започнеме дијалог со нив“ заврши Рекс.