Во Србија подигнати тужби против јавни лица кои се противници на вакцинирањето

Група лекари и родители од неколку градови во Србија поднеле кривични пријави против познати лица за наводно неетичка работа и ширење паника против вакцинација на децата.

Слични пријави се поднесени и против други јавни лица кои промовирале ставови против вакцинацијата, вклучувајќи ја и Маја Волк, Мирољуб Петровиќ и Јелена Карлеуша.

Првата кривична пријава против противникот на вакцинација падна, а родителите и лекарите се здружија за преку правен пат да ги совладаат оние кои се против вакцината MMR, а со тоа истовремено го загрозуваат здравјето на цела нација.

Дека се работи за оркестрирана хајка на квази научници и нивни акции говори и фактот дека докторката Јована Стојковиќ, мајка на три деца, која живее во православен брак со својот колега, е нападната во јавноста од страна на Здружението „Граѓани против шарлатанство“ и „Педијатрија втемелена на докази“, а дека при тоа тие здруженија не изнесоа ниту еден научен податок кој докажува дека ставовите на доктор Стојковиќ се погрешни, односно дека малите сипаници навистина се толку опасни за здравјето на жителите на Србија, пред сè за децата, и дека е неопходно вакцинирање на младата популација со MMR вакцината.

Членовите за Здружението „Граѓани против шарлатани“ и „Педијатрија заснована на докази“ од цела Србија поднесоа кривична пријава против поборниците на невакцинирањето, со Јована Стојковиќ на чело.

Нестручни и нехумани настапи во мејнстрим медиуми и по трибините, а особено низ социјалните мрежи, се одговорни за падот на вакцинирањето и појавата на епидемија. Во Србија има преку 200 заболени и предизвикана е голема паника.

Наскоро, сличен доказен материјал ќе биде проследен до Етичкиот совет на лекарската комора и Судот на честа со прашање дали лекарот Стојковиќ заслужува да биде член на Лекарската комора, со оглед на нестручноста“, вели за „Блиц“ доктор Томислав Стевановиќ од Здружението.

Според неговите зборови, пријавите се поднесени откако се собрани потписи во текот на петицијата со која се бара заштита на правата на вакцинирање и против шарлатанството.

„Членовите се лекари, родители и млади луѓе кои имаат позитивен став кон вакцината“, објаснува доктор Стевановиќ.

Еден од нивните аргументи е дека задолжителната имунизација на децата претставува неуставно навлегување во физичкиот интегритет на човечкото суштество затоа што подразбира преземање мерки кон телото на човекот без негова согласност.

Оспорување и лишење на родителите од сопствените права со присилна имунизација на детето, како и оневозможување на правото на образование што го гарантира Уставот. Други, пак, иницијатори ја оспоруваат обврзувачката имунизација од причина што сметаат дека тоа е спротивно на уставната одредба со која се спроведуваат експерименти над децата.

Но, Уставниот суд во Србија на крајот на октомври ја отфрли иницијативата поднесена во 2016 година за покренување постапка за оцена на уставноста и согласноста за спроведување меѓународни договори и Законот за заштита на населението од заразни болести, сметаат дека изнесените причини не се издржани.

Изјавата за штетните последици на MMR вакцината по здравјето на луѓето наиде на осуда на експертската јавност, а како што велат лекарите, оваа вакцина е една од најважните темели на здравството.

Вакцината ги штити поединците кои ќе ја примат, но ја штити индиректно и заедницата. Кога најголем дел од луѓето во заедницата ќе ја прими вакцината, тоа се нарекува колективен имунитет. За болестите кои се високозаразни, како малите сипаници, потребно е 95 проценти од населението да се вакцинира за да се создаде тој имунитет. Ако е доволно висок процентот на детското вакцинирање, тогаш заразата не може да се шири.

Дури и ако некој дојде и донесе вирус од надвор, тешко е некој да се зарази. Тогаш се прекинува синџирот на зараза и епидемија. Вакцината е многу безбедна. Секоја личност има илјадници пати поголем ризик да настрада од непосакуваните ефекти на зарази отколку на непосакуваните реакции на вакцината“, вели Срџа Јанковиќ, имунолог на детската клиника во Тиршовој.

Доктор Милан Диниќ, претседател на Лекарската комора на Србија, изјави претходно дека само експертите треба да зборуваат за вакцина, а дека секој кој ќе зборува спротивно од тоа што е докажано, треба да сноси последици.

„И лаиците кои го поддржуваат невакцинирањето на децата треба да бидат подготвени да сносат одговорност за своите постапки. Поради голем метеж на педијатрија, не стигнуваат да се занимаваат со тоа како што треба и ова е една од последиците на нивниот труд“, објаснува доктор Диниќ.

 

 

Scroll to Top