Вонземјански летала се кријат во прстените на Сатурн

Поранешнот инженер на НАСА изнел шокантно тврдење дека масовни вонзмјански вселенски летала кружат во нашиот соларен систем и дека се кријат внатре во прстените на Сатурн.

Овие тврдења набрзо ги објавиле и американските и руските медиуми, сугерирајќи дека не само што вселенските летала се наоѓаат околу Сатурн, туку и дека овие мистериозни објекти постојат и околу другите планети како Јупитер, Уран и Нептун.

Поранешниот инженер на НАСА, доктор Норман Бергрун, кој е верен НЛО истражувач, верува дека вонземјанските летала всушност се хранат со енергијата на планетата, преку прстените, со цел да се размножат, нешто за кое што Норман верува дека треба да не загрижи сите.

А овие вселенски летала не се нови во нашиот соларен систем, вели доктор Бергрун. Поранешниот НАСА научник говори дека вонземјанските вселенски летала се „размножиле“ во нашиот соларен систем уште во 1986 година, кога ја објавил својата книга „Ringmakers of Saturn“.

Бергрун е истакнат поранешен истражувачки инженер на НАСА кој направил големи иновации во многу американски аеронаутички и проектилски и ракетни програми.

Тој исто така освоил и многу награди за наука и инженерство. Сепак неговите изјави биле сериозно критикувани по појавувањето на контроверзниот Јутјуб канал „SecureTeam10“, кој е познат по објавувањето на видео-снимките поврзани со НЛО, кој многумина скептици ги нарекле лажни.

Бергрун неодамна ја објаснил и видео снимката и мистеирјата која стои зад Сатурн, неговите прстени и бројни вселенски летала за кои тврди дека се кријат во тоа подрачје. Во ова видео, тој говори и за други цилиндрични објекти во прстените кои изгледаат како издувни системи.

Тој тврди дека не само што прстенот на Сатурн е контролиран од вселенско летало, туку и дека вонземјаните се тие кои се одговорни за создавање на прстените. Тој во 2016 година изјавил дека овие мистериозни летала ги населиле Сатурн, Уран и Јупитер.

 

 

Scroll to Top