(втор дел) Тајни војни кои САД ги извeде низ светот, зад грбот на Конгресот

(Продолжува)

Американските војници секаде се однесуваат како газди. Добро го паметам случајот во Колумибија, кога нашите наредници директно даваа наредби на полицијата. Иако колумбиската полиција не е должна да не слуша, сепак го правеа тоа што ќе им се нареди“, истакнува Николај Фелштински, кој во копнената војска на САД служел откако ја напуштил Белорусија.

Секој трет војник служи во странство

Според податоците на Министерството за одбрана, во составот на Вооружените сили на САД, работат 1,3 милиони луѓе, а од таа бројка 450.000 служат во странство. Испаѓа дека секој трет американски војник е ангажиран надвор од границите на земјата.

Вооружените сили имаат 825.000 гардисти и резервисти. На пример, на територијата на Украина биле ангажирани 250 американски гардисти.

Испаѓа дека ни самите сенатори не знаат која е реалната бројна на странски контигент на САД, иако според Уставот, американската војска не може да биде ангажрана надвор од границите без никаква согласност. Сепак на 14 септември, 2001 година, третиот ден по серијата терористички напади во Њујорк и Вашингтон, Конгресот усвои документ кој дозволува употреба на воени сили против терористите (Authorization for Use of Military Force Against Terrorists, AUMFAT).

Тој документ му дава на претседателот право да ја испрати војската во оние делови од планетата каде делуваат сили кои реализирале напад врз САД.

Година дена по донесувањето на тој документ, била усвоена специјална резолуција во Ирак која исто така му дозволува на председателот да ги користи Вооружените сили, „онолку колку што тој смета дека е потребно“.

„Токму таквите документи, кои домаќинот на Белата куќа го ослободуваат од обврските да се посоветува со сенаторите и бара нивна дозвола за да ја ангажира американската војска во разни точки низ планетата, претставуваат кардинална разлика меѓу денешната ситуација и она што се случило во 1993 година во Сомалија“, вели Артемјев.

„Под изговор дека работи во борба против тероризмот, САД може да интервенира во било која точка на светот. Исто така, Американците можат да се борат против било кој режим кој не им се допаѓа, а да истовремено говорат дека се работи за борба против тероризам. Испаѓа дека тие едноставно можат да напишат на хартија: „Имаме сомнеж дека се извршува терористичка активност во тој и тој регион“, на пример во Сирија.

И веднаш се подигнува воздухопловството за да биде бомбардирана позициајта која е контролирана легитимно од избраниот претседател Асад.

По целиот свет

 

Според зборовите на поранешниот началник на Штабот на копнените сили Рејмонд Одеир, американските војници во моментов се наоѓаат во 150 држави низ светот.

Поточно, во тој број влегуваат и военото аташе, во некоја помала земја. Според неговите зборови, САД имаат 600 воени бази во 38 држави низ светот. Други извори пак наведуваат дека се работи за 800 американски бази.

Во Ирак, од 4000 до 6000 американски војници учествуваат во операциите кои имаат за цел да го ликвидираат ИСИС. Максималниот број на војници кои претседателот може да ги упати во таа држава е 5262 во зависност од исполнувањата на поставените задачи, лимитот често се менува.

Во Сирија ангажирани се околу 2000 специјалци, вклучително и 850 припадници на морнарицата, како и 200 до 250 ренџери. Во Кувајт, 15.000 војници се разместени во оквирот на камптот Арифџан и во авио-базите Ахмад Џабер и Али Салем. На крајот на претходната година, веќе биле испратени 3800 припадници на коњичката бригада.

Од седум американски воени флоти, три се наоѓале во близина на горчливите точки или потенцијални проблематични зони. Шестата флота на САД, се наоѓа во Гибралтарскиот залив, Петтата флота се наоѓа во Перзијскиот залив, околу брегот на Саудиска Арабија, а Седмата флота се наоѓа во Јужна Кореја.

Немаат намера да си заминат

Карактеристиките на американското воено присуство во различни држави на светот, без оглед на тоа каде ќе се најдат, тие не брзаат да си заминат, односно да се вратат дома. Сега и претставниците на американската војска отворено говорат дека Сирија ќе остане долго.

„Ќе бидеме во Сирија додека не се увериме дека ИСИС е неутрализиран, и дека не може повеќе да врши напади“, изјави минатата недела Роб Манинг, претставник на прес-службата Пентагон. Според неговите зборови, присуството на САД во Сирија, ќе се решава според ситуацијата на лице место.

Во Министерството за одбрана изјавија дека иако ИСИС ја изгубил својата база, односно престолнината во Рака, уште 3000 милитанти се наоѓаат на границата меѓу Сирија и Ирак. И американскиоте воени заповедници имаат намера тмау да ги држат своите сили, негораничено.

Линк од првиот дел

 

Scroll to Top