Американците објавија документи од тајните состаноци на врвот на СССР, пред да се случи наредбата со која било одлучено да се исклучат турбините во чернобилскиот нуклеарен реактор, по што биле потребни само 36 секунди, до целосна нуклеарна катастрофа.
Прво требало да се запре работењето на реакторот, а потоа да се запре и неговото ладење. Реакторот бил исклучен 36 секнди пред да се запре и ладењето. Само неколку секунди подоцна, настанатата експлозија, ја потресла зградата. Последиците од ваквата одлука и грешка во комуникацијата на одговорните во електраната, се чувствуваат до ден денес.
Последиците од таквата одлука, јасно ги изнел комесарот Борис Шчербина, заменик претседателот на Советскиот совет на министри, на тајна седница на раководството на Советскиот сојуз. Неодамна разговорите од овој состанок биле преведени и објавен е транскрипт од самиот тој, но и други состаноци.
Документите се објавени на веб страната на Архивата за национална безбедност. „Во упатствата јасно се кажува дека реакторот морал да се угасне пред да се угасне турбината. Заштитниот систем исто така вклучува автоматско гасење на реакторот, кога системот за ладење ќе биде затворен.
Таа заштита (AZ-5) требала во исто време да го исклучи реакторот, но се испоставило дека и тој е угаснат“, му пренел Шчербина на Горбачов.За оние кои ја гледале серијата „Чернобил“, ќе се сетат на ликот кој говорел „Го притиснав десното копче“. Ова копче требало да го угасне реакторот.
Тоа копче било бескорсно, затоа што некој го исклучил заштитниот систем. На самиот состанок, Шчербина ги наведува сите големи пропусти направени во електраната. Од недостигот на комуникација и координација (шефот на електраната Фомин ја напуштил работата околу 18:00 часот, а заменикот Дјатлов стигнал малку пред почетокот на тестирањето), до катастрофалната забуна која владеела за време на тестирањето.
Шчербина наведува дека Дјатлов всушност наредил гасење на реакторот пред да се исклучат сите силни безбедносни механизми. Но, како шеф на смената, Акимов напишал во писмото, дека никој не го известил кога Диатлов ќе го усклучи реакторот. Акимов починал во болницата од последица на зрачењето, а писмото е изгубено.
„Долго време го баравме тоа писмо“, му кажал Шчербина на Горбачов, кој бил исклучително фрустриран од фактот дека мора да се бори за да ја открие позадината на катастрофата, која сериозно ги стресе реформите во Советскиот Сојуз и самиот Горбачов.
„Говорејќи за одговорноста на Министерството за енергетика и електрификација, мора да се напомене дека заменик министерот, комесар Шашарин, задолжен за нуклеарната електрана и шефот на конгломератот „Сојузатоменерго“, другарот Веретеников, не ги реиле проблемите на реакторот за обезбедување на безбедносната работа на нуклеарните електрани.
Големите проблеми не добиле доволно на внимание. Од 1983 година, Советот на министри никогаш не разговарал за безбедноста на нуклеарните електрани. Со овие зборови Шчербина јасно и гласно ја демантирал советската бирократија и нивниот страв кон безбедноста на работниците, но и остатокот во светот.
RBMK реакторите имале низа на проблеми. Шчербина за нив опширно му кажал на Горбачов, но најважно е дека сите знаеле за овие проблеми. Под сите се подразбира и персоналот кој има одговарачки врски или одобрение, затоа што сите Совети строго ги чувале сите тајни, а посебно оние кои укажувале на слабоста на големата Црвена сила.
„Министерството има само еден центар за обука, кој има окоу 400 специјалцисти годишно, но за VVEP реакторски корпус. Не постои еквивалентен центар за обука и експерти кои работат на RBMK реакторите, иако Советот на министри донел заклучок за потребата за центар за обука уште во 1980 година. Земајќи ги во предвид потребните капацитети за поддршка на земјите на Советот за меѓусебна економска помош, мораме да обучуваме меѓу 18.000 и 20.000 експерти секоја година. Исто така мора да се напомене дека Министерството за енергија не ги исполнува системските задачи на изградба на сместување и културни и социјални установи во градовите за персоналот за нуклеарните електрани, што го отежнува создавањето на одговарачки животни услови за нив. Досега министерот, Другарот Мајорец, не ја совладувал ситауцијата во тој сектор. Министерството слабо е организирано. Дисциплината на менаџментот е лоша“, изјавил остро Шчербина пред своите колеги.
На истиот состанок на 3. јули 1986 година, само неколку месеци по несреќата во Чернобил, Шчербина изричито изјавил дека планираните модификации на реакторот RBMK мораат да доведат до ниски економски цифри. Безбедносните реакторит ќе произведуваат помалку енергија и на тој начин ќе имаат големо влијание на остатокот на економијата. Најголемите критики Шчербина ги упатил кон цивилните претставници.
Во серијата „Чернобил“ видвоме како сите внимаваат нивната вина да не излезе на виделина. Шчербина укажува токму на тоа.
„Одговорните за цивилната одбрана и јавното здраство биле особено бавни во одговорите на бараната ситуација. Докажаа дека не се подготвени за непредвидени ситуации. Подготовките и ифнормирањето на населението за опасностите од зрачењето не беа доволно организирани. Немало луѓе.
„Знаете како да се однесувате во ситуации на зголемена радиоактивност. Морате да развиете нови дозиметри, деконтаминациски системи, системи на далечинско управување, но и ефикасни противпожарни системи“, изјавил Шчербина.
Гледачите на серијата се сеќаваат на целата приказна кога Диатлов изјавил дека зрачењето не е така опасни, затоа што има само 3,6 рендгенски зраци. Други се обиделе да го предупредат дозиметрите не можат да мерат повеќе од таа бројка на зрачење. За таквите работи говорел и Шчербина.
Можеби за првпат тој говорел за таквите проблеми. Шчербина исто така предупредил и на несватливиот апсурд. Одборот за безбедност на нуклеарните електрани е надлежен за самиот реактор, но безбедносните системи, како што се цевките за ладење, ги надгледува Државниот комитет за технолошки надзор, а трансформаторите Државната инспекција на Министерството за енергетика.
„Иако неделивоста на безбедносната работа на нуклеарната електрана е повеќе од очигледна“, огорчено заклучува Шчербина. Таквата самоиницијативна бирократија го навела и самиот Горбачов да ја критикува и ладната и безобразна бирократија.
Групата на ликвидатори, доброволци, кои се исчистиле од озраченото подрачје, завршија на лечење во Харков. Во отвореното писмо до главниот уредник на „Правда“, тие се жалеле на државниот апарат, како ги ризикувале своите животи и биле тешко болни.
По пет месеци од несреќата, тие целото тоа време биле оптимисти и се надевале дека брзо ќе се опорават и заради тоа не се грижеле за проблемите со кои подоцна се соочиле. Најмногу се грижеле за здравјето во периодот во есента и зимата. Лошото време го зголемувало ризикот од развој на болести поврзани со студот, вклучувајќи ги и акитните проблеми со дишењето и грипот.
„Какви ќе бидат последиците никој се уште не знае. Но, и покрај сè, вистинкото прашање за нашето идно опоравување е нерешно. По првите три месеци, не лечеа лекари кои се запознати со болести поврзани со радијација. Немаме дури ни редовни прегледи. Облеката која ова лето пристигна не е погодна, а купувањето на топла облека во нашата ситуација е практично невозможна. Жителите во зона од 30 километри околу електраната добија бројна оштета. За тоа дознавме преку медиумите. Очигледно е дека сите големи проблеми се решаваат за кратко време и под постојан надзор на највисоките партиски органи. Ние, од друга страна и покрај нашата тешка здравстена состојба, сме оставени на страна. Не користиме никакви привилегии. Дури и купувањето на возни карти за нас е проблем. Тешко е да стоиме во ред долго време. Заради човечкото разбирање, бараме да не пуштат на почеток на редот. Дури и тоа што ни беше најпотребно, а тоа беа лекови кои ни ги пропишаа лекарите во Киев, не беа достапни за нас“, пишува во писмото.
Самиот Горбачов го коментирал писмото во резолуцијата на Централниот комитет.
„Сè е направено за да се заташкаат работите на најпрефиден начин. Најлошо од сè е дека сите обиди на заташкување, го отежнаа процесот на лечење и поправање на несреќата. Несреќата се случи во нуклеарната централа во електраната во Чернобил, а еден реактор е штетен. Спроведуваме мерки за отстранување на последиците од несреќата. Дадена е помош на оние на кои им е потребна. Владата воспостави комисија“.
Со овие реченици, за првпат Советскиот Сојуз призна дека нивната величествена нуклеарна сила, можеби и не е така феноменална как што ја претставувале во странство.
Овие клучни четири реченици се објавени како мали вести во советската новинска агенција TASS, неколку дена по несреќата во Чернобил, а допрва сите шведски експерти откриле зголемено ниво на радијација, па се плашеле дека некои од нивните електрани може да се расипе. Михаил Горбачов, во тоа време се обидувал да ги протурка реформите на целиот советски режим, почнувајќи од традиционалната тајност.
Неговата политика на отвореност, гласност, имала можност да ја докаже својата ефикасност. Можеби би било подобро да се каже дека гласноста покажала колку е важно да се информира јавноста за да се спречат разните лажни гласини. Тајните извештаи на ЦИА, дури наведуваат дека Горбачов го искористил незадоволството на јавноста поради целосната тишина, за да ги протурка своите реформи, но тоа е само мал дел од целата приказна.
Човечките загуби и страдања во днеовите и месеците непосредно по несреќата, беа речиси незамисливи. Дури и часови по самата експлозија. Подоцна истрагата утврдила како точно и зошто настанала експлозијата. Исто така утврдена и е вината за несреќата. Без бројните спасувачи, нуклеарната експлозија во Чернобил, би можела да ја уништи цела Европа, а можеби и светот. Затоа е важно да се споменат сите оние кои го дале својот живот за да го спречат ширењето на огнот на остатокот на електраната. Пожарниакрите стигнале да го угаснат пожарот, во документите на ЦИА, стои дека им биле потребни само неколку минути за да дојдат и ги подготват цревата со вода.
Полковникот Леонид Телјатников, шефот на пожарникарите во нуклеарната електрана, опишал како го гаснеле пожарот додека не паднале од исцрпеност. Подоцна е прогласен за национален херој. Тоа што тогаш не се знаело е дека пожарникарите паѓале, затоа што смртоносната радијација буквално им го уништувала телото. Сите шест пожарникари, кои први дошле на покривот на зградата за да го спречат ширењето на оганот, веднаш починале.
Нивната смрт е релано прикажана во серијата. Високата доза на зрачење на почетокот дава чувство на мачнина, повраќање и губење на апетит. Потоа доаѓа период без симптоми и луѓето веруваат дека најлошто поминало, барем оние кои не знаеле ништо за штетните ефекти од таквата висока доза на зрачење. Штерното зрачање ги уништува клетките, деловите од нашето тело не можат нормално да делуваат и телото не може да рециклира.
Незамислива болка, екстремен губиток на течности низ повраќањето и висока грзоница се само некои од симптомите кои ќе се случат во наредниот период. 28 пожарникари и работници во електраната, загинале во таква агонија. Локалните партиски официјални лица, не сакале премногу да го вознемируваат населението.
Во спротивно тоа би значело дека ќе мораат да признаат некаков проблем со електраната и затоа евакуацијата на градот Припјат и околните села, задоцнила.
Десетина илјади луѓе биле изложени на висока радијација, само затоа што на членовите на партијата им било важно да ја префрлат одговорноста на друг. Украинскиот министер за здравство, Анатолиј Романенко, издал прво предупредување на 5. мај, повеќе од една недела по несреќата, а неговите белоруски колеги подоцна.
Тајните документи на ЦИА, предупредуваат на една нелогичност за време на евакуацијата на населението. Стоката за државни и социјални фарми во околината на Припјат, е евакуирана за време на преселувањето на населението од градот. Луѓето од селата со автобуси биле префрлени дури наредниот ден.
Евакуацијата на Припјат почнала 36 часа по несреќата, а луѓето од околните села морале со денови да ги трпат последиците од штетното зрачење. Немало кој да ги товари околу 50.000 грла стока, па селаните биле изложени на зрачењето.
Шчербина говорел за таквата неподготвеност на владата. Локалните челници на партијата, одлучиле да го евакуираат населението во рамки од 30 километри од електраната, што не било во ред, затоа што радијацијата не следела правилен круг. Зрачењето се ширело додека ветровите ги носеле опасните честички.
ЦИА потсетува дека властите морале да евакуираат дури 11 села во украинскиот регион Полески, затоа што подоцна сватиле дека и таму не било безбедно.
Огромен проблем било тоа што во тие села биле сместени голем број од евакуираните жители од Припјат. Официјалните бројки говорат дека биле евакуирани околу 135.000 луѓе, но ЦИА смета дека оваа бројка е значително поголема. Бројките ја кријат вистинската мера на трагедијата.
За време на итната евакуација, бројни семејства биле раздвоени, децата повеќе не биле со родителите, а некои не можеле да си ги пронајдат браќата и сестрите со недели по преселбата. Се случувало присилно преселување. Со сите тие трагедии, многумина не ни знаеле каде одат, затоа што некои од семејствата не сакале да ги прифатат поради стравот дека може да се прошири зрачењето.
Додека политичарите се грижеле што ќе се селучи со јавното мнение, тие се плашеле дека Чернобил ќе го пренсе своето незадоволство од Киргизија на Балтикот и се плашеле што ќе кажат нивните надредени. Невините секогаш се тие кои пателе. Дури и кога успеале да најдат место каде можат да најдат засолништеи, тие не биле топло примени.
Мештаните им замериле дека ги превземале нивните станови, фабриките морале да ангажираат работници кои не им биле потребни и сето тоа предизвикувало отпор кај нив, а на некои места се отворала јавна омраза кон жртвите. А, тие биле нјаголемите жртви на системот.