Самоубиството на Слободан Праљак, како и осудата на шесттемина од Босна и Херцеговина ги разгореа страстите во целиот регион. А како што е обично случај во вакви ситуации, „Фејсбук“ и овој пат стана воено поле.
На денот кога во Хаг беше прогласен за воен злосторник, поради што и го испи отровот од кој нешто подоцна почина, многу хрватските корисници на „Фејсбук“ постираа на своите ѕидови негови фотографии славејќи го неговиот чин.
Набрзо нивните објави исчезнаа, а „Фејсбук“ почна да ги блокира објавите поврзани со Праљак. Зошто?
Необична теорија на заговор
Пред да се обидеме да дадеме одговор зошто да напоменеме дека блокираните објави поврзани со Праљак, особено кај хрватските десничари, ги разбудија теоретичарите на заговор. Веќе со денови на социјалните мрежи, иронично главно на „Фејсбук“, може да се прочитаат теории на заговор кои ја објаснуваат одлуката на најголемата социјална мрежа да ги блокира објавите поврзани со Праљак.
Меѓу првите се јави Иво Лучиќ, човек кој изминативе денови на ХРТ изјавува дека зборува од позиција на историчар, иако е многу попознат како високопозициониран воен известувач во таканаречената Херцег-Босна и генерал на ХВО. Тој се пожалил дека му ја избришале објавата, а за тоа, како и обично кога станува збор за ширење хистерија, обвинува некој непознат противник.
„Штотуку помислив дека нешто не е в ред, видов дека ми е избришан статусот за Праљак, кој беше лајкуван од страна на 3000 луѓе. Да можат веќе уште утре јавно би ги запалиле и весниците. Одамна еден нивен другар и истомисленик изјави ‘Спречете го Ројтерс’. Нервозни се, уплашени, разочарани. Праљак со еден потег уништи 20 години работа. Сведоци сме на фасцинантен настан, еден почитувач на човечкото достоинство го разби дваесетгодишниот мрак на лаги и подлости“, практично сите десничарски портали ги пренесоа овие зборови на Лучиќ во кои тој всушност не открива ништо ново освен што вината ја префрла на невидливиот, нервозен противник.
Но, тоа е само дел од теоријата што се шири во десните кругови откако почнаа блокадите на „Фејсбук“.
Така, ќе забележите дека на порталот „Поскок“ пишува за заканите, приведувањата и блокадите.
Луѓето кои ги поставуваат видеата и фотографиите од сведочењето за убиените деца во Трусина, Витез, Уздл и жртвите од Армијата на Босна и Херцеговина се избришани од „Фејсбук“.
Продолжува