Брз колач со вишни

Состојки: 250 гр излупени вишни, 1 чаша јогурт (200 ml), 2 јајца, 1/2 чаша шеќер, 1/2 чаша масло, 2 чаши остро брашно, 2 лажички прашок за пециво, малку масло и брашно за калапот.

Подготовка: Калапот за печење премачкајте го со масло и посипете брашно. Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте го брашното со прашокот за пециво. Во друг сад измешајте ги јајцата и шеќерот околу пет минути, додека смесата не стане густа и не добие светло жолта боја. Додадете го маслото и нежно измешајте. Потоа во сад истурете го јогуртот и со рака измешајте го во смесата. Потоа додадете го просеаното брашно, а на крај додадете ги исчистените вишни и соединете се. Истурете ја смесата во калап и печете на 180 степени помеѓу 30 и 40 минути. Колачот е готов кога ќе добие темно златно жолта боја и кога ќе се одвои од рабовите на калапот. Извадете го од рерна и оставете да се излади, па по желба посипете го со шеќер во прав.




		
		
			
Scroll to Top