Состојки:
187 гр брашно, 200 гр шеќер, 30 гр какао во прав, ½ лажичка сол, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка екстракт од ванила, 1 лажичка бел оцет, ⅓ чаша растително масло, 237 ml вода.
Глазура:
3 лажици омекнат путер, 3 лажици какао во прав, 1 лажица мед, 1 лажичка екстракт од ванила, 125 гр шеќер во прав, 3 лажици полномасно млеко или павлака.
Подготовка:
Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот, какаото во прав, солта и сода бикарбоната. Промешајте да се соединат. Додадете ванила, оцет, масло и вода на сувите состојки и измешајте со процесор за храна или изматете додека состојките целосно не се соединат. Истурете во подготвениот (подмачкан или обложен со хартија за печење) сад за печење и печете 30-35 минути. Оставете да се излади додека ја подготвувате глазурата. Измешајте го омекнатиот путер, какао, мед, ванила и шеќер во прав. Мешајте на мала брзина околу 30 секунди. Полека додавајте го млекото, една по една лажица, додека не ја постигнете саканата конзистентност. Премачкајте го изладениот колач.