Детоксирајте го организмот после Велигден

По празничната гозба потребно е на вашето тело да му дадете малку одмор од мрсна храна, па она што ќе го консумирате после Велигден треба да биде балансирана храна која ќе му дозволи на вашето тело нормално да функционира.

За почеток исфрлете ги шеќерите, тестото и алкохолот. Напрваете тридневно прочистување со што ќе внесувате само свежа храна и повеќе протеини.

Напиток за детоксикација: Исцедете 2 лимони и изрендајте малку ѓумбир, додадете 1 лажичка цимет и на крај дополнете со 2 литри вода. Пијте го тој напиток во текот на денот наместо вода.

Во кафето не додавајте никакви додатоци, заборавете на шеќерот и млекото, ако не можете да пиете горко кафе, додајте малку стевиа или малку мед.

Првиот ден пробајте да внесувате само свежо овошје и зеленчук. За појадок направете си некое смути, додајте семиња и јаткасти плодови кои ќе ја зголемат и хранливата, но и калориската вредност на вашиот смути појадок.

За ручек јадете некоја салата направена од сезонски зеленчук. Зачинете ја со маслиново масло, сок од лимон и хималајска сол.

Започнете и со физичка активност. Вежбањето ќе го забрза процесот на детоксикација, затоа што ја забрзува циркулацијата и помага за полесно ослободување од токсините.

Scroll to Top