Диетата на Кејт Хадсон со која ќе заборавите на гладот, а ќе ослабите 12 килограми

Актерката Кејт Хадсон со посебен начин на исхрана успа да ослаби 12 килограми без гладување и повторно да се врати во форма по втората бременост.

Нејзиниот план бил да ослаби, едноставно, без гладување и ригорозна диета. Кејт Хадсон го усовршила својот пристап кон своите цели во исхраната и фитнесот фокусирајќи се на тоа да ги направи работите едноставни и остварливи имајќи го на ум нејзиниот бурен начин на живеење.

Првата работа што ја направила – ги поменила навиките во исхраната. Нејзиното дневно мени вклучувало 5 оброци, контролирани големини на порции и секогаш кога е во можност месото да го исфрли од исхраната. 

Храната што е најчесто присутна во нејзината исхрана се тофу, салати, протеински шејкови и многу риба. Една од навиките што ги практикува е повременото постење.

Нејзиниот пат до посакуваната тежина подразбира едноставност, дисциплина, но и рамнотежа. Сепак, не ги ограничила задоволствата, тоа го решила кога сакала да се почести со пица, тако и маргарити. Покрај начинот на исхрана, актерката се посветила и на вежбањето, конкретно на пилатесот. 

Овој пат таа реши да ги интензивира тренинзите и повеќе да вежба дома, во дневната соба, но на крајот да вози и велосипед секогаш кога ќе има можност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Hudson (@katehudson)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Hudson (@katehudson)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Hudson (@katehudson)

Scroll to Top