Домашен намаз од ореви

Состојки:

1 шолја индиски ореви
10 јатки ореви
сок од лимон
3 лажици маслиново масло (или повеќе ако мислите дека е премногу густо)
¼ чаши вода
лажичка сенф
лажичка куркума
сол и бибер по вкус

Подготовка:

Индиските ореви потопете ги во вода неколку часа. Исцедените индиски ореви ставете ги во блендер. Додадете сок од лимон, масло, сенф, вода, куркума и јатките ореви. Додадете сол и бибер по вкус или можеби повеќе сок од лимон. Блендирајте додека да добиете мазна смеса.

Scroll to Top