Наместо да трошите многу пари на скапи маски и козметички производи за нега на лице, пробајте ја оваа домашна и сосема природна опција која дава резултати.
Сите знаеме колку е важна правилната нега на лицето, особено во зима. Ако имате зголемени пори или сакате да ексфолирате и да ги отстраните мртвите клетки од кожата, оваа маска е токму за вас.
Покрај горенаведеното, оваа сосема природна маска за лице, која лесно можете сами да ја направите дома, ќе ѝ обезбеди на вашата кожа влажност и храна, што директно влијае на намалувањето на брчките на вашето лице.

За да ја подготвите, потребни ви се:
– половина чаша мед
– три лажици свежо исцеден сок од портокал
– една лажичка морска сол
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки додека не добиете густа смеса и маската е подготвена за употреба.
Нанесете на сува, чиста кожа и оставете да делува околу петнаесет минути, а потоа добро исплакнете со млака вода.
Како делува оваа маска на кожата?

Медот е богат со антиоксиданси и ја стимулира регенерацијата на ткивата. Длабински ја храни кожата и го враќа нејзиниот сјај. Лимонската киселина од портокалот ќе го изедначи тенот и ќе ги осветли сите дамки на лицето, додека морската сол е одговорна за ексфолијација и отстранување на мртвите клетки кои го расипуваат изгледот.






