Ева Лонгорија ослаби 20 килограми по бременоста со три продукти, а не се откажа од пица и чипс

Зеленчук како основа на сите оброци, вака холивудската актерка Ева Лонгорија успеала по бременоста да ослаби 20 килограми, со тоа што во нејзиниот начин на исхрана вметнала здрави навики.

Менито на Ева се променило бидејќи почнала да јаде повеќе зеленчук, главно спанаќ, секојдневно јадела брокула и пршута, а шеќерот целосно го елиминирала. Само еден ден во неделата им се препуштала на двете омилени задоволства: пица и чипс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Според списанието Women’s Health, Лонгорија го почнува денот со пржени јајца и свежо овошје. Јаде варено месо и зеленчук. За вечера на менито има риба и зеленчук, а како ужина јаде свежи краставици, јаболка или јогурт со вкус на ванила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Во диетата на Ева Лонгорија пресудна е и физичката активност. Таа е физички активна со возење велосипед секој ден, практикува пилатес од три до пет дена во неделата. Актерката скока и на трамболина како кардиотренинг, и тоа секој ден од 20 до 30 минути.

Scroll to Top