Состојки:
За кората: 1 чаша шеќер, рендана кора од 3 лимони, 125 гр стопен путер, 3 јајца, 1 чаша брашно, 3/4 чаша јогурт,
Сируп од лимон: 1/4 чаша сок од лимон (од 2 до 3 лимони), 1/2 чаша шеќер, малку јогурт за послужување со колачот.
Подготовка: Загрејте ја рерната на 170 степени. Намачкајте со масло тавчето за колачи со дијаметар од 20 см. Просејте го брашното. Потоа измешајте ги шеќерот и кората од лимон додека не добиете фина текстура. Додадете го путерот и продолжете со мешањето. Додадете го јајцето едно по едно, потоа брашното и јогуртот, но не одеднаш. Прво додадете половина од брашното и половина јогурт, па кога ќе се соедини додадете го остатокот. Истурете ја смесата во калапот и печете 40 до 45 минути. За тоа време направете го сирупот – во мало тенџере ставете ги сокот од лимон и шеќерот и нежно загрејте ги без мешање додека не се раствори шеќерот. Готовиот колач послужете го со сируп и јогурт на чинија.