Колач со рогач, идеален за поготовка кога имате убав повод.
Состојки: 4 јајца,100 гр шеќер, 1 ванилин шеќер, 250 гр мелен рогач, 200 гр путер, 1/2 л млеко, 200 гр брашно (половина остро и половина меко брашно), 1 прашок за пециво, џем и трошки од леб.
Подготовка: Белките изматете ги да добијат убава бела смеса. Рогачот измешајте го со половина литар зовриено млеко. На топло додадете го путерот, промешајте да се растопи путерот, оставете малку да се излади. Измешајте ги жолчките со шеќерот, додадете ја изладената смеса со рогач. Измешајте сè заедно. Потоа додадете просеано брашно со прашок за пециво, измешајте да се соедини сè. На крајот, лесно измешајте ги белките. Намачкајте го садот за печење со путер и посипете со лебни трошки. Печете на 160 до 180 степени околу 30 до 40 минути. Топлата торта премачкајте ја со џем. Кога колачот ќе се олади, ставете ја чоколадната глазура или едноставно, посипете го со шеќер во прав.