Ледено смути од лубеница

Лубеницата не само што има сладок вкус кој е прекрасно освежувачки во топлите денови, туку е богат и со хранливи материи кои се важни за здравјето на поединецот. Повеќето луѓе уживаат во свежата лубеница, но ова слатко овошје можете да го претворите и во замрзнат пијалак кој совршено ќе ве освежи.

Потребни ви се само четири состојки и добар блендер за да направите ледено освежување.

Состојки: 600 гр лубеница, 20 коцки мраз, 2 лажици мед, 1 лажица сок од лимон.

Подготовка: Излупете ја лубеницата, па исечете ја на помали коцки. Ставете ја во блендер и блендирајте, заедно со медот и сокот од лимон. Потоа додадете коцки мраз и повторно сомелете сè за да добиете кашеста смеса. Послужете го веднаш во две големи чаши и по желба украсете со листови нане и шарени сламки.

Scroll to Top