Лилјана од „Тома“ ослабе 30 килограми за 15 дена, актерката ја откри диетата

Српската актерка Паулина Манов или попозната по ликот на Лилјана во популарниот филм „Тома“ долго време се борела со вишокот килограми. Таа успеа за 15 месеци да ослабе 30 килограми. Таа неодамна проговори за сите кризи кои ги имала во тој период.

„Слабеев два килограми месечно. Се борев за секој грам затоа што немам магично стапче што ќе го реши проблемот. Апчиња за слабеење не само што се нездрави, туку можат да имаат и фатални последици. И килограмите се враќаат“, изјавила Паулина.

Таа истакнува дека најтешко ѝ било да се бори со себе. Таа вишокот килограми ги добила од стрес по семејна загуба.

„Доживеав голем стрес пред бременоста, бидејќи татко ми почина. Потоа ослабев многу, затоа што бев тажна. Кога останав бремена, се опуштив, па јадев во големи количини. Бидејќи сакам тесто и слатки, тоа е она што најмногу јадев. Мислев дека кога ќе се породам килограмите ќе ги намалам, но не беше така. Имав ново тело, како друга личност“, признала таа.

Актерката сфатила дека треба да почне диета кога престанала да дои. На почетокот била на ригорозна диета со разни гравчиња кои се варат. Без леб, месо, млечни производи, шеќер. На таков режим била пет круга, по 14 дена. Долго време барала начин на исхрана кој ќе ѝ се погоди.

„Со години не можев да го најдам моето мени. Бев сама на хроно диета, на автофагија и на крајот сфатив дека најмногу сакам овошје и зеленчук. Понекогаш јадам риба и јајца, но не сакам месо, го исфрлив“, вели Паулина.

Нејзиниот совет за ефикасно слабеење е консултација со нутриционисти за тоа што и кога да се јаде. Но неопходнa е психичкa подготовка за борбата.

„Ако згрешите и јадете нешто што не треба, не е голема работа ако продолжите со диетата следниот ден. Случајно јадам и чоколадо, затоа што да се откажеш од шеќер е тешко, како да се откажеш од дрога. Кога ќе се појават кризи, најдобро е да излезете надвор или да пиете вода, чаеви за исфрлање течности, лимонада. Чајот од ѓумбир е добар, бидејќи пикантноста може да го отстрани чувството на глад“, објаснува Паулина.

Таа со години одржува витка линија благодарение на појадокот составен од домашен леб без квасец, урда и зелена салата со домати.

Scroll to Top