М-р фарм Славица Тодоровска од „Хемофарм“ порачува: Внимателно избирајте ја исхраната за најмладите

Француски Modilac, единствената млечна формула со важен протеин лактоферин, многу важен за доброто здравје на вашето бебе, сега е достапна  и во Македонија .

Доењето е природен начин на исхрана, а мајчиното млеко е најдобрата храна за бебето. Светската здравствена организација препорачува мајките да ги дојат своите деца исклучиво во првите 6 месеци од животот, бидејќи мајчиното млеко содржи идеална количина на протеини, што е многу важно за правилен развој на новороденчето. Квалитетот на исхраната е неопходен и за понатамошен развој и добро здравје на вашето бебе, па еве ја вашата можност  да дознаете зошто лактоферинот е најважниот протеин во мајчиното млеко.

 Што е лактоферин и зошто е толку важен?

  • Лактоферинот е вториот по големина протеин во мајчиното млеко и важна состојка во млечните формули за бебиња. Овој протеин делува против патогените бактерии, ја ограничува нивната репродукција и благотворно делува во превенција од разни видови неонатални инфекции и дијареи кај доенчињата – објаснува Славица Тодоровска магистер по фармација и менаџер на  претставништвото  на Хемофарм во Македонија. Благодарение на лактоферинот, ризикот од сериозна цревна инфекција кај доенчиња со мала тежина е намален.
  • Лактоферинот игра активна улога во развојот и созревањето на цревата кај децата и придонесува за правилен баланс на микробиотата. Цревната микробиота на вашето бебе се состои од многу „добри“ бактерии кои го поддржуваат варењето на храната и ги зајакнуваат нејзините метаболички и имунолошки функции. Лактоферинот овозможува нормална апсорпција на железото кое е неопходно за правилен развој на мозокот и борба против инфекции – нагласува нашиот соговорник.

Modilac – единствената млечна формула со лактоферин

Францускиот Modilac сега е достапен и во Македонија. Се произведува во лабораторија која веќе 36 години ги следи најновите истражувања во областа на исхраната на доенчињата со цел неговите млечни формули да бидат најблиску до природното мајчино млеко.

  • Modilac е пионер на европскиот пазар кога станува збор за иновациите во областа на исхраната на доенчињата. Со своите формули ги покрива потребите на здравите бебиња, но и сите терапевтски потреби на доенчињата. Така, формулата AC Digest е наменета за бебиња кои страдаат од колики, надуеност, гасови, подригнување, а за бебиња алергични на протеини од кравјо млеко, постојат вкусни формули базирани на протеин од ориз. Од 2018 година, Modilac е единствената млечна формула во Европа со лактоферин, важен протеин за одржување на доброто здравје на вашето дете – вели Славица Тодоровска м-р по фармација

Александра Газивода

 

 

Scroll to Top