Манекенка Роузи Хантингтон-Вајтли откри како ја негува кожата

Англиската манекенка и актерка Роузи Хантингтон-Вајтли ги сподели своите тајни за убава и негувана кожа.

Првото правило на Роузи е дека особено е важно секоја жена да има свој доверлив козметичар, кој ќе се грижи нејзината кожа да го добива најдобриот третман. Таа откри дека задолжително посетува козметички салон неколкупати во месецот. Манекенката нагласи дека е доста важно негата на кожата да е во сооднос со годишното време и климата. Негата на кожата во зима треба да се состои од особено хидратизирачки препарати, а во пролет и лето третманите треба да се освежувачки и да се обрне особено внимание на чистење на порите од вишокот себум што се создава поради топлото време.

„Многу е важно да слушате што сака вашата кожа да ви каже. Доколку нешто не е во ред со начинот на кој ја негувате, таа ќе го каже тоа преку својот изглед“, изјави Роузи.

Заштитниот фактор е нејзиното златно правило. Било да сте под сенка или сонце, секогаш кога излегувате од дома, нанесувајте крем со заштитен фактор, им порача таа на дамите. И за крај, внесувањето течности е најважно за убав и здрав изглед на кожата.

Scroll to Top