Мед и цимет за слабеење, опаѓање на коса и намалување на холестеролот

Комбинацијата од мед и цимет се користи во традиционалната кинеска и ајурведска медицина како дел од програма за лекување.

Двете состојки имаат уникатни лековити својства, а како лек се користат повеќе од 5.000 години. Циметот е еден од најстарите зачини, па оваа комбинација е идеален домашен лек кој се користи за подобрување на здравјето.

Етеричните масла од цимет и ензимите од мед произведуваат водород пероксид и ги квалификуваат овие две состојки со нивната способност да се борат против микроорганизмите. Го запираат развојот на бактерии и габи и го штитат организмот од вируси.

Во ајурведската медицина медот е попознат како Јогавахи, што значи растение кое има лековити својства за клетките и ткивата во телото. Се верува дека медот со друга супстанца (на пр. билка или зачин) е комбинација во која квалитетот на медот се подобрува и продира подлабоко во телото. 

Комбинација на цимет и мед во форма на топла паста направена од лажица мед, лажица цимет и маслиново масло, се користи во борбата против опаѓањето на косата. Се препорачува пастата да се нанесува пред капење и да се чува 15 минути пред миење за поефикасно дејство. Измешајте лажичка цимет во прав и половина лажичка мед и растворете во чаша млака вода, а потоа пијте за да ги уништите бактериите во уринарниот систем и да спречите инфекција. Медот и циметот се одлични народни лекови против болести на бубрезите, жолчните камења и мочниот меур.

Пастата од цимет и мед се бори и со забоболка. Се нанесува на забот и ги ублажува болните симптоми. Исплакнете го грлото со мед и цимет, измешани во топла вода, за да го одржите свеж здивот во текот на денот.

Зелениот чај со мед и цимет е добар во борбата против холестеролот. Чаша млака вода со мед и малку цимет го зајакнува имунолошкиот систем и ги олеснува синусите за време на настинка.

За слабеење испијте мешавина од лажичка мед и половина лажичка цимет во варено вино. Консумирајте го секое утро на празен стомак, половина час пред појадок. Медната паста и циметот во прав се користат и во козметиката бидејќи го чисти лицето и лечи акни.

Редовното консумирање чај со мед и малку цимет ќе го зајакне имунолошкиот систем, ќе го заштити телото од вирусни и бактериски напади и ќе ја продолжи виталноста.




		
		
			
Scroll to Top